Шеќер или вештачки засладувачи – што е полошо?
Секојпат кога ќе подготвите филџан кафе, имате тежок избор пред вас – да користите вештачки засладувачи, кои не содржат калории (но, затоа можеби содржат некои опасни хемикалии) или лажичка обичен бел шеќер, кој е барем природен.
Верувале или не, оваа дебата често се води помеѓу нутриционистите и луѓето посветени на губење на тежината, а расправата станува уште пожестока кога се работи за (диетални) газираните сокови. Од една страна, обичниот шеќер би требало да е поздрав, со оглед на тоа што не е направен во лабораторија, но исто така постојат бројни здравствени ризици кои се поврзуваат со неговото консумирање. Од друга страна, вештачките засладувачи ,,го лажат,, нашиот мозок и предизвикуваат подеднакви метаболички реакции како и шеќерот, а не содржат калории. Затоа, пак, се полни со чудни хемикалии.
Што да се одбере?
Старата народна изрека дека во се треба да се биде умерен исто така важи во случајот со шеќерот и вештачките засладувачи. Ако сакате да загубите вишок килограми или ако внимавате на нивото на шеќер во крвта, најверојатно подобра опција за вас се вештачките засладувачи. Во тој случај обичниот шеќер е помалку ,,безбеден,, затоа што така го зголемувате вносот на калории како и нивото на шеќер во крвта. Но, кога станува збор за здравјето воопшто, природниот шеќер е подобар избор. Иако се повеќе студии покажуваат дека вештачките засладувачи се безбедни за консумација, веќе со векови повторно и повторно се докажува дека е безбеден и обичниот шеќер (во мали количини).
Кога се ќе се земе предвид, слободно засладете го кафето со обичен шеќер. Една кесичка има само 15 калории, што не би требало да претставува проблем ако остатокот од вашата исхрана е избалансиран и не содржи многу додадени шеќери. Во прилог на овој совет оди и фактот дка препорачаната доза на количина шеќер е 25 грама, додека едно кесиче има само 5 грама. Ако вештачките засладувачи се се уште вашиот избор, внимавајте да не претерате со внсувањето шеќер кога се работи за останатите оброци.