Шеќерот влијае на кожата, а со самото тоа и на изгледот и убавината. Брчките стануваат повидливи, а ткивото ги губи маснотиите. Нигми Талиб е натуропатска докторка од Лондон, која во 2015 година ја издаде книгата “Reverse The Signs Of Aging” (Сопрете ги знаците на стареењето). Таа е позната по својот метод на утврдување дали нашата кожа забрзано старее затоа што јадеме премногу шеќер, млечни производи и глутен или пак затоа што пречесто уживаме во алкохолот и според тоа дефинирала ,,винско,, ,,глутенско,, ,,млечно,, и ,,шеќерно,, лице. Според мислењето на докторка Талиб, намирници кои најчесто предизвикуваат интолеранција на кожата предизвикуваат специфични реакции.

Типични симптоми: брчки на лицето, опуштена кожа под очите, испиен изглед, истенчена и бледа кожа, болни акни и мозолки по целото лице.

Доколку храната ни изобилува со шеќери и рафинирани јагленохидрати, кои во телото брзо се претвораат во шеќери, кожата постојано се бори да остане млада. Проблемот е во тоа што шеќерите предизвикуваат процес на гликолизација: молекулите на шеќерот се врзуваат за еластичните протеински влакна, при што се вмрежуваат во грубата структура и со тоа ја намалуваат ефикасноста на еластинот и колагенот и предизвикуваат нивно пропаѓање. Поради тоа кожата е опуштена и тенка (посебно под очите), а брчките и линиите се повидливи, и тоа воглавно на челото бидејќи, според традиционалната кинеска медицина, таа регија од лицето е поврзана со варењето,

Премногу шеќер може да влијае и на дистрибуцијата на маснотиите, па лицето на љубителот на слатки може да изгледа испиено, поради тоа што поткожното ткиво ја губи маснотијата која му дава полноста. Освен овие типични симптоми, тенот може да биде блед или сивкасто-жолтеникав, бидејќи шеќерот го подига нивото на инсулинот, кој пак може да поттикне и претерано излачување на кортизолот. Поради тоа што хормонот на стрес му наредува на организмот да ја пренасочи енергијата во исполнувае на други задачи, крвните садови под кожата на лицето се стегаат, па кожата станува бледа. Наглото зголемување на инсулин може дополнително да ја оптовари надбубрежната жлезда која, меѓу другото, го контролира растот на веѓите. Од тука, тенките и ретки веѓи можат да предупредат на проблеми со оваа жлезда.

Дури и ако на половина го намалите консумирањето на слатки, наведува докторка Талиб, ќе забележите големи промени на тенот. За најдобри резултати, престанете да јадете слатко, рафинирани јагленохидрати и преработена храна.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина