rcenje_naslovna

Р’чењето е врзано воглавно само за мажите, но и жените можат да страдаат од ова пореметување. Иако тоа е нешто на што луѓето се едноставно навикнати, екпертите предупредуваат дека не треба да го занемаруваме, затоа што може да доведе до потешки пореметувања. Опструктивната ноќна анореја се јавува и кај мажите и кај жените, а може да остави сериозни последици на организмот.

Не е тајна и дека жените понекогаш рчат, но тие воглавно се срамат тоа да го признаат, дури и во случаи кога сите им кажуваат дека го прават тоа. Една од таквите жени е и Барбара Меткалф, британка која своето искуство со р’чењето го споделила со читателите на „ Дејли Мејл“.

Иако сопругот со години и велел дека не можел да спие од нејзиното р’чење, Барбара го игнорирала и стално велеле дек нивниот пес рчи, а не таа, Иако и покрај ова, таа имала и други симптоми за ноќна анореја, константна поспаност и заморување, таа на овие знаци не им придавала значење.Се додека, случајно, додека не завршила на операција за отстранување на жолчното ќесе, каде анестезиологот открил дека таа има проблеми со дишните патишта.

Тогаш нејзе ја упатиле на лечење, и по прв пат таа морала да признае дека има проблеми со р’чењето. Докторите и објасниле дека ноќната анореја е пореметување при дишењето кое настанува како последица на слабеењето на мускулите околу дишните патишта, па тие се стеснуваат и воздухот не моѓе нормално да проаѓа низ нив. Затоа во текот на ноќта на заболените им се случува и по 30 пати на час да престанат да дишат на 10 секунди, а некои дури и подолго.

Заради тоа, мозокот никогаш не може да биде потполно опуштен и не може да се потоне во длабок сон, туку секогаш е во првата или втората фаза од спиењето. Како резултат на тоа, доаѓа до постојана поспаност и забрзано заморување. Кај некои луѓе ненаспаноста е толку изразена што неконтролирано потонуваат во сон во текот на денот, каков што бил случајот и кај Барбара. Некои полоши случаеви патата и од депресија.

Луѓето кои имаат вишок килограми или се повозрасни од 50 години имаат поголеми шанси да заболат од ова пореметување. Од ноќната анореја страдаат околу 7 проценти мажи, додека оввојпроцент кај жените е понизок и изнесува околу 3 проценти, што ја прави оваа болест подеднакво распространета како и астмата. Меѓутоа, докторите проценуваат дека на околу 80 проценти од заболените не им е ни воспоставена дијагноза.

Високиот крвен притисок, дијабетисот тип 2, срцевиот и мозочниот удар, како и вишокот на килограми се некои од последиците на ова пореметување. Исто така, заболените имаат поголема шанса да доживеат сообраќајна незгода во автомобилот, бидејќи заради ненаспиеноста не можат да ја одржат концентрацијата.

Решение постои, но нема да му се допадне на секого. Досега единствениот ефикасен третман е CRAP апаратот, кој се состои од маска и апарат за кој е прикачена. Оваа машина прави континуиран позитивен притисок на дишните патишта, го спречува ‘рчењето и овозможува мирен сон. Меѓутоа, на многумина маската им е многу непријатна, и брзо се откажуваат од третманот. Апаратот чини околу 1.000 евра и се користи секоја вечер.