Според Светската здравствена организација, Американците продолжуваат да трупаат килограми; денес, 67% од возрасните во САД се предебели. Теоријата дека Високо-фруктозниот сируп (или ХФЦС) ни го дува стомакот или т.н. ХФЦС хипотезасе појави во 2002 година и имаше влијание со години, но моментално е под испитување. Со најновото размислување, се покажа дека всушност Високо-фруктозниот сируп не е виновен за тоа што се дебелееме. Многу други виновници придонесуваат за дебелеењето, вклучувајќи ги сите видови шеќер и можеби дури и вештачките засладувачи. “Луѓето се уште се против Високо-фруктозниот сируп,” вели спортскиот нутриционист и доктор Крис Мор. “Тоа е добро. Но, за да го загубите вишокот килограми, мора да внимавате на внесувањето на сите шеќери.” Тоа е полесно ако разберете зошто копнеете по шеќери и како телото ви реагира кога ќе го прекинете нивното консумирање. Кога ќе го сфатите тоа, ќе ви се допаднат добиените резултати. Тоа е наједноставниот начин кој можете да го пробате за да го загубите вишокот на килограми.

Можеби воопшто не ни отворате чоколада или не јадете никакво слатко. Не е важно. Со самото јадење или пиење внесуваме по 23 лажици ,,дополнителен,, шеќер – шеќер кој не се наоѓа природно во храната. Тоа се 367 калории, вклучувајќи дополнително околу 183 калории од шеќерите од шеќерната трска и шеќерната репка и 136 калории од Високо-фруктозниот сируп. Вкупно неделно тоа се 2,569 калории или еквивалент на сите јадења во еден ден. Ни малку добра стратегија за губење на вишокот калории.

Американската асоцијација за срце препорачува мажите да го лимитираат дневното консумирање на шеќери на 9 лажици или во просек 144 калории. Јадеме шеќер несвесно, па ајде да го промениме тоа со брза и безболна лекција.

Ова е хемија, но не треба да се плашите. Фруктозата и гликозата се ,,прости,, шеќери и и двата се наоѓаат природно во овошјето во приближно исти соодноси. Сахарозата е комбинација од гликоза и фруктоза. Така, сите тие се ,,роднини,,. И покрај нивното сродство, тие се однесуваат различно во нашето тело.

Гликозата се апсорбира во цревата и доаѓа до крвотокот; хормонот наречен инсулин помага таа да стигне до кетките, од каде се користи како гориво. Секој вишок се складира како гликоген во нашиот црн дроб и во мускулите.

Фруктозата, пак, доаѓа директно во црниот дроб, каде во најголем дел се претвора во маст. Студиите го поврзуваат прекумерното консумирање на фруктоза со зголеменото ниво на висцерални масти, високите нивоа на масти во крвта и со инсулинската резистентност. Покрај тоа, фруктозата не произведува толку многу хормони на ситост како што прави гликозата, така што се чувствувате помалку сити.

Сахарозата е комбинација од гликоза и фруктоза во подеднакви соодноси. Белиот шеќер е, на пример, сахароза.
На нашите предци, слаткоста им покажувала дека овошјето е зрело и дека има скапоцени калории. “Шеќерот е една од најосновните нешта по кои копнееме,” вели Никол авена, доктор и невролози на Универзитетот во Флорида. “Тој ги активира вијугите во мозокот кои ја засилуваат нашата желба да продолжиме да го јадеме.”

Авена е член на истражувачкиот тим кој има објавено студија во Journal of Nutrition, која вели дека шеќерот може да биде зависен. Научниците од овој тим откриле дека кога на стаорците им се давало шеќер, овие глодари покажувале знаци на повлекување откако ќе им бил укинат шеќерот.

Истражувањата вршени врз луѓето покажале слични тенденции: Во 2011 година на едно истражување на Јејл на учесниците им покажале слика од чоколаден милкшејк. Притоа тие покажале симптоми на зависност од храна, бидејќи во нивниот мозок во оние делови кои покажуваат зависност од дроги се појавила засилена мозочна активност.

Продолжете кон вториот дел…

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина