Советите дека пред спиење треба да се испие чаша млеко за подобар сон или дека косата расте побрзо ако почесто се потстрижува, од народни мудрости прераснале во здравствени митови. Група американски стручњаци се обидела да даде научно објаснување за користените препораки кои се пренесуваат од колено на колено и кои веќе толку многу се вкоренети кај народот, што дури и некои доктори почнале да веруваат во нив

МИТ: Храната падната на под можете да ја изедете во рок од 5 секунди

ВИСТИНА: Сигурно имате слушнато, а можеби и сте пробале. Но, дали знаете дека салмонелата може да преживее и до четири недели? Бактериите на подот, пак, можат да преживејат со недели и речиси веднаш се лепат на намирницата кога ќе дојдат во контакт со неа. Токму тие се причина за бројни здравствени проблеми.

МИТ: Aко се бричите, влакната ќе ви растат почесто и ќе станат погусти

ВИСТИНА: Кога сте решиле да се депилирате, сигурно најголема дилема ви била на кој начин да го направите тоа. Ве предупредиле никако да не користите брич, но нема место за паника ако сепак сте го избрале него како најбезболен начин за отстранување на влакната. Влакното расте од корен, а не од делот каде што сте го пресекле со бричот, па сосема е сигурно дека влакната нема да станат погусти.

МИТ: Не смеете да разбудите месечар, зашто може да доживее инфаркт

ВИТИНА: Ако разбудите некој кој месечари сосема е сигурно дека ќе го исплашите, но нема да доживее срцев или мозочен удар, како што обично се верува. Доколку сакате да помогнете, можеби најдобро би било да ги затворите прозорците и вратите и да се осигурате на тој начин дека месечарот нема да се повреди, со оглед на тоа што овие луѓе не се свесни за своите постапки при одењето во сон.

МИТ: Користиме само 10% од мозокот

ВИСТИНА: Ова верување постои повеќе од 100 години, а најраниот запис за тоа датира од 1907 година. Но, посотјат многубројни докази кои се резултат на бројни научни истражувања дека луѓето користат значително поголем дел од мозокот од споменатите 10%.

МИТ: Осум чаши вода на ден
ВИСТИНА: Авторите на ова истражување не пронашле ниту еден научен доказ кој би ја потврдил оваа препорака. Тие проучиле 1.945 натписи во кои како препорачана доза на испиени течности се споменува количина од 2,5 литри на ден за возрасни луѓе, но со напомена дека поголем дел од оваа количина се наоѓа во храната која ја консумираме.

МИТ: Студеното време влијае на тоа да се настинеме
ВИСТИНА: Студиите кои се занимавале со пренесување на настинките покажале дека температурите на воздухот немаат врска со вирусите со кои сме се заразиле. Научниците претпоставуваат дека во текот на зимата сме почесто болни, бидејќи подолго време поминуваме во затворени простории, каде вирусите и бактериите полесно се пренесуваат.

МИТ: Читањето на слаба светлина може да го оштети видот

ВИСТИНА: Лошото осветлување го отежнува изостранувањето на сликите, прави почесто да трепкаме и ни ги суши очите. Читањето на слаба светлина може да биде непријатно, сметаат стручњаците, но не доведува до трајни оштетувања на видот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина