Трипхала е подмладувач. Таа ги подмладува младите, а им помага да оздрават на болните. Во ајурведската медицина се користи веќе 3500 години, а поради својата висока нутриционистичка вредност и природната формула е погодна за вегетаријанците, кои многу често се чувствителни на детокс третманите. Многу лесто ја нарекуваат мајка, бидејќи трипхала нежно се грижи за внатрешните органи како што мајката се грижи за своите деца.

Ефектите од нејзиното користење се чувствуваат уште на самиот почеток. Се користи за превенција, но и за лекување на голем број болести, без разлика на животната возраст. Во Индија речиси да нема дом кој кај себе нема трипхала. Во превод, нејзиното име значи ,,Три плодови,,, бидејќи во својот состав има Амалаки, Харитаки и Бибитаки, кои во неа се застапени во подеднакви количини.

Амалаки (лат. Emblica officinalis) има кисел вкус. Го отстранува заморот, ги подобрува умствените способности, циркулацијата на крвта, варењето на храната и функциите на излачувањето. Делува како хранлив тоник, лади, освежува, подмладува, ја подобрува сексуалната функција, има лаксативно дејство и го сопира крварењето. Исто така, тоа ја чисти усната шуплина, ги јакне забите, помага за раст на косата и ноктите. Исклучитечно е добро за решавање на воспалението на цревата и стомакот. Богат извор е на антиоксиданси, флавоноиди, каротеноиди и витамин Ц, со кој е за 20 пати побогата отколку портокалот, па затоа е исклучително добар за имунолошкиот систем.

Харитаки (лат Terminalia chebula) има 5 од 6 ајурведски вкусови и затоа се нарекуваКрал на лековитите растенија“. Богат извор е на танини, аминокиселини, фруктоза, сукцинска киселина и бета ситостерол. Ги храни ткивата во мозокот и на нервниот систем, ги чисти слузницата и мембраните. Го намалува високиот крвен притисок, добар е за анемија и анорексија, бидејќи го регулира апетитот. Лекува инфекции на уринарните патишта, најчесто предизвикани од Escherichia Coli. Ја регулира работата на дебелото црево, го подобрува варењето, ги јакне видот и гласот и го зголемува интелектот.

Бибитаки (лат. Terminalia bellirica) има сладок вкус. Тоа подмладувачко средство и тоник. Помага да се отстрани слузта од организмот. Ефикасно е при топење и исфрлање камења од бубрезите. Делува на белите дробови, срцето и црниот дроб и лекува болести како астма и бронхитис. Го подобрува видот и нервниот систем, ги чисти цревата, ги исфрла паразитите и го јакне желудникот. Во себе содржи околу 35% масло и 40% протеини, па затоа има висока нутритивна вредност. Влијае врз порастот на здравиот ХДЛ холестерол, а го намалува лошиот ЛДЛ холестерол, кој е причинител за појава на коронарни болести на срцето.

Поради високите вредности на овие состојки, Трипхала го смирува умот, го подобрува помнењето, нежно го чисти целото тело од натрупаните токсини, помага кај синдромот на иритирани црева, помага при опстипација, природен антиоксиданс е, го забрзува зарастувањето на скршениците, го подобрува варењето и асимилацијата на хранливите материи, помага во правилното функционирање на урино – гениталните органи, погодно е за дијабетичари, ја зголемува сексуалната активност, помага при надуеност и гасови, го храни нервниот систем, крвта и мускулите,, го смирува умот, го снабдува мозокот со потребната крв, ја подига енергијата, а во последниве неколку години се користи и за лекување на различни видови рак.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина