Козјото млеко спаѓа во најздравите намирници, посебно кога зборуваме за мчени производи. Неговата хемиска структура е неверојатно слична со мајчиното млеко и може да послужи и како природен лек.

Тоа од памтивек се употребува не само за исхрана, туку и како помошно средство за лекување на многу болести. Во себе содржи богатство од есенцијални аминокиселини, витамини (посебно витамин Б6), минерали (како калциумот) и нема тешко сварливи масти. Не само што е полесно за варење од кравјото млеко, туку содржи и помалку лактоза, па затоа полесно можат да го поднесуваат оние кои се чувствителни на лактозата. Бидејќи е блиску до совршена храна, тоа е најпогодно за исхрана на бебињата непосредно по престанок со доењето. Освен тоа, козјото млеко е одлична намирница за бебињата и децата, бидејќи не содржи одреден вид на протеини кои често предизвикуваат алергиска реакција кај децата.

Низ човековата историја, козјото млеко се препорачувало за јакнење на имунитетот, лекување и јакнење на белите дробови, кај астма, бронхитис, пневмонија и против туберкулоза. Тоа може да биде одличен сојузник во борбата против стресот. Покрај Б6 витаминот, во себе содржи и Б1, Б2 и Б12 витамини, па од тука е и одлично за јакнење на нервниот систем. Народната медицина го препорачува козјото млеко на оние кои имаат чувствителен желудник. А, фините честички во него одлично ќе влијаат кај оние кои имаат проблеми со црниот дроб. Со оглед на тоа што козите ја јадат кората од растенијата, нивното млеко изобилува со силициум – минерал кој влијае позитивно влијае врз здравјето на кожата, косата, ноктите и нервниот систем. Овде не треба да зборавиме да споменеме и дека козјото сирење е исто така природно средство за јакнење на организмот и заштитник од многу болести.

Поради сето погоре кажано, лековитите својства на козјото млеко лесно можат, а и требаат, да ги намамат и оние кои и не го сакаат особено неговиот мирис.

 

Козјо млеко наспроти кравјо млеко
  • Високиот уддел на масни киселини (35%) го прави похранливо од кравјото млеко, кое има уддел на масни киселини од 17%
  • Количината на протеини во козјото млеко е значително поголема во однос на кравјото млеко. Самите протеини на козјото млеко овозможуваат полесно варење, ја спречуваат појавата на гасови, надуеност или дијареја. Во кравјото млеко има еден протеин, кој е означен како алфа С1 казеин, кој е главен виновник за појавата на дигестивни тешкоии кај луѓето, посебно кај децата. И козјото млеко го содржи овој протеин, но во значително помала концентрација, околу 89% помалку, па поради тоа козјото млеко не е алерген.
  • Количините на лактоза во козјото млеко се пониски отколку кај кравјото, околу 7%. Поради тоа козјото млеко полесно се вари кај оние кои имаат нетолеранција на лактоза (невозможност за варење на млечниот шеќер, како последица од недостиг на ензимот лактаза)
  • Поголема количина на калциум има во козјото млеко (околу 35%), со што една шолја од него ги задоволува дневните потреби на организмот за овој минерал. Калциумот е градивен елемент кој е исклучително важен во перидот на раст и градење на коските кај децата. Од друга страна, козјото млеко кај старите луѓе спречува да се појави остеопороза и губење на калциумот од организмот.
  • Поради ниската содржина на холестерол во себе, козјото млеко е подобра опција за оние кај кои нивото на холестерол е зголемено во крвта.
  • Козјото млеко не дебелее. Затоа тоа е храна за оние кои сакаат да намалат од килограмите. Содржи помалку масти од кравјото млеко, а е богато со масти со средно долги синџири (каприлна, капронска, арихидонска и линолна киселина).
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина