Кога е во прашање исхраната, постојат секакви врсти на храна – некоја е одличен сојузник против дебелеењето, додека друга ја стимулира когнитивната функција и го подобрува помнењето. Од друга страна пак, одредени врсти на храна имаат разорувачки учинок на функцијата на мозокот, па затоа нутриционистите советуваат да ја конзумирате умерено со цел да го ограничите нејзиното негативното влијание.

Следува листа на намирниците кои полека, но сигурно ја убиваат вашата интелегенција:

  1. Зашекерени производи

Шеќерот и зашеќерените производи не се лоши само за вашата линија, но и за функционирањето на мозокот. Долгорочната конзумација на шеќерите може да створи неуролошки проблеми и да ја влоши способноста за памтење. Исто така може да ја намали и способноста за учење, поради што се препорачува да избегнувате шеќер, пченкарен сируп и останати производи со висок процент на глукоза.

  1. Алкохол

Познато е дека алкохолот долготрајно му наштетува на црниот дроб, но и дека предизвикува ,,магловит мозок”. Како што самиот назив упатува, станува збор за чувство на ментална конфузија која влијае на тоа да не можете да размислувате бистро односно да помните. За среќа, симптомите ќе се повлечат кога ќе престанете да конзумирате алкохол или кога ќе го ограничите на еден или два пијалоци дневно.

  1. Брза храна

Брзата храна може да ги промени хемикалиите во вашиот мозок односно да доведе до симптоми поврзани со депресија и болки. Покрај тоа, храната со висок процент на масленост предизвикува симптоми слични на апстиненциската криза кога ќе престанете да ги конзумирате. Оваа храна влијае на синтезата на допаминот, важен хормон кој поттикнува чувства на среќа и општо добро. Понатаму, допаминот влијае и на когнитивните функции, способноста за учење, будноста, мотивацијата и помнењете. Затоа е важно да се избегнува храна со многу масленост.

  1. Пржена храна

Скоро сите преработени намирници содржат хемикалии, бои, адитиви, вметнати ароми, конзерванси и како такви влијаат на однесувањето и когнитивните функции заради хемикалиите кои предизвикуваат хиперактивност, кај деца и возрасни. Пржената и преработената храна пополека ги уништува нервните станици лоцирани во мозокот. Некои маснотии се поопасни од другите, на пример сончогледовото масло се смета за едно од најтоксичните.

  1. Пресолена храна

Солта влијае на крвниот притисок, што му штети на вашето срце. Истражувањата сугерираат дека високи количини на сол влијаат на когнитивната функција и ја намалуваат способноста за размислвање. Со други зборови солената храна влијае на интелегенцијата.

  1. Рафинирани житарици


Сите врсти на житарици со исклучок на оние кој се богати со влакна, лошо влијаат на функционирањето на мозокот и здравјето воопшто. Ако редовно ги конзумирате рафинираните житарици, сите производи од бело брашно, ризикувате побрзо стареење на организмот односно губиток на помнењето
магловит мозок.

  1. Преработени протеини

Протеините се градбени блокови на мускулите и се доста важни за правилно функционирање на телото. Месото е најбогатиот извор на високо квалитетни протеини, но избегнувајте ги преработените намирници како виршли, салама, колбасица и слично. За разлика од природните протеини кои го потикнуваат нервниот состав, преработените белковини го прават спротивното. Конзумирајте риба, млечни производи ореви и семиња, кои се природни и квалитетни извори на протеини.

  1. Трансмасти

Трансмастите предизвикуваат низа на проблеми, од оние поврзани со срцето до покачен холестерол. Лоши се и за мозокот бидејки мастите влијаат на рефлексите и способноста за реакција – да не збориме за зголемениот ризик од мозочен удар. Ако конзумирате трансмасти за време на подолг период, може да дојде до собирање на мозокот што е на некој начин слично на собирањето кое се случува при алцхајмеровата болест. Ова се случува бидејки трансмастите со тек на времето ги оштетуваат артериите.

  1. Вметнати засладувачи

Кога луѓето сакаат да ослабат, склони се кон мислењето дека ќе им помогне ако шеќерот го заменат со вметнати засладувачи. Вистина е дека имаат помалку калории, но може да направат повеќе штета наместо корист. Ако се користат долго, може да предизвикуваат оштетување на мозокот и да влијаат на когнитивните способности, посебно ако користите поголеми количини на засладувачи.

  1. Никотин

И покрај фактот што никотинот не е прехрамбен производ, важно е да се спомене бидејќи го уништува мозокот така што го ограничува протокот на крв до него, заедно со глукозата и кислородот. Никотинот не само што влијае врз прераното стареење, лошиот здив и го зголемува ризикот од рак на бели дробови, туку влијае и на синтезата и функцијата на невротрансмитерите со стеснување на капиларите кои се ситни крвни садови кои играат клучна улога кога се во прашање мозочните функции.