Австралијанските научници од неодамна почнаа да развиваат генетски модифицирани растенија, кои ќе содржат хемиски состојки од лековите за лекување разни болести, како што се канцер, дијабетес, срцеви заболувања и ХИВ. Дејвид Крајк од универзитетот Квинсленд и Мерилин Андерсон од универзитетот Ла Троб тврдат дека ,,био лековите,, ќе чинат помалку и ќе бидат поефикасни, но и дека ќе имаат помали нуспојави од постоечките.

– Во своето работење се занимаваме со откривање на пептидите, мини протеини од растенијата, и настојуваме да ги преобликуваме во лекови за идните генерации – вели Крајк. – Имаме хемиска состојка од лековите за лекување на карцином на простатата, кој можеме да го вбризгаме, на пример, во сончоглед, па болните од тие болести нема да мораат орално да земаат таблети или капсули за да ја лекуваат оваа болест – објаснува тој. – А овој метод ќе отвори нови можности за испорака на лековите.

Крајк исто така вели и дека примената на био лековите може да има бројни предности за земјите во развој. Очекуваната животна возраст во Танзанија денес е помала од 40 години, поради бројните жители од оваа земја кои се заразени со ХИВ. Научниците се надеваат дека ќе произведат растение кое ќе содржи био лек кој ќе делува врз вирусот на ХИВ и кое ќе може да се одгледува во градините. Од ваквите растенија ќе може да се прави чај или да се консумираат нивните плодови. А, тоа би претставувало револуција во лекувањето на ХИВ, особено во Африка. Доколку оваа теорија стане стварност, луѓето ќе можат во своите градини да си ги одгледуваат своите лекови! Предноста на овие лекови ќе биде во тоа што нема да треба да се чуваат повеќе во фрижидери, ниту пациентите ќе мораат да ги инјектираат, додека нивниот транспорт ќе биде многу едноставен.

Тестирањето на био лековите би можело да започне за десеттина години, а научниците имаат намера да започнат прво со лековите против рак и болка. Кога станува збор за генетски модифицирана храна, навистина немаме поим каков ќе биде долгорочниот ефект врз народот. Првата комерцијална продажба на генетски модифицирана храна беше пред само дваесет години, во 1994 година. Не постојат можни начини за нашите здравствени власти да можат да ги тестираат сите можни комбинации врз толку голема популација, за време на доволно долг временски период. Напредокот во науката за геномите во изминативе неколку години дојде до откритие дека организмите можат да ги делат своите гени. Пред тоа, се мислеше дека гените се делат само меѓу одделни групи преку репродукцијата. Тогаш, како можат нашите здравствени власти да ги одобрат како безбедни? Тие ни велат дека се безбедни и ние им веруваме, без да го доведеме во прашање сето тоа, кога е јасно дека ДНК од храната може да во животинските ткива и млечните производи кои ги јадат луѓето. Постојат студии кои покажуваат дека кога јадеме генетски добиена храна, вештачки создадените гени се пренесуваат во корисните бактерии во цревата и го менуваат нивниот карактер. Важно е да се напомене и пренесувањето на гените помеѓу генетски модофицираните земјоделски посеви и околните автоимуни видови кое довело до појава на високо отпорни супер пиреи. Според СЗО, пренесувањето на гените и нивното движење од ГМ растенијата во конвенционалните посеви или сродни видови може да влијае врз безбедноста на храната. Вистината е дека генетските инжењери никогаш не ја разгледале реалноста за пренесување на гените при производството на овие растенија. Како резултат од тоа, ние почнуваме сега да ги согледуваме последиците од гените кои се создадени на ваков начин, посебно како тие се шират и како ги менуваат другите организми во различни опкружувања.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина