За оние кои не се подготвени да преземат одлучувачка акција во борбата со вишокот килограми, ви претставуваме 9 начини кои ќе ви помогнат да ослабнете барем навечер.

 

1.Започнете го денот со лимон

Оваа ставка е присутна во исхраната на многу познати личности, бидејќи навистина помага. Чаша топла вода наутро ќе го разбуди телото и системот за варење. За подобар ефект, додадете во неа прстофат цимет или мелен лут црвен пипер.

2. Пијте вода

Одржувајте го нивото на вода во телото во текот на целиот ден. Конвенционалната чиста H2O го спречува надвувањето, констипацијата и не предизвикува глад и дехидрација, а по испиен диетален пијалок со засладувачи стомакот почнува да бара храна.

3. Одбегнувајте млечни производи

Нетолеранцијата на лактоза е почеста отколку што мислите. Луѓето често не сфаќаат дека многу стомачни проблеми настануваат поради консумирањето на млечните производи. Многумина имаат непријатности поради јадењето млеко, сирење или јогурт (воглавно тоа се гасови и надуеност). Од таа причина најдобро е да се држите понастрана од овие намирници, барем во вечерните часови.

4. Отстранете ја солта

Познато е дека солта ја задржува водата во организмот. Подобро додајте во храната црн пипер, ако сакате да го облагородите вкусот.

5. Јадете полека

Кога се јаде пребрзо, се вдишува повеќе воздух, а тоа може да доведе до надуеност. Џвакајте ја храната полека и внимателно, а по вечерата не земајте гума за џвакање, бидејќи го поттикнува апетитот.

6. Испланирајте ја исхраната мудро

Некои производи содржат хранливи материи кои спречуваат да се зголеми телесната тежина. Аспарагусот го стимулира растот на бројот на корисни бактерии во стомакот, бананата содржи многу калиум, а лубеницата има 90% повеќе вода и претставува природен диуретик.

7. Поминете го лицето со мраз

Ослободете се од отокот на лицето со обичен мраз. Земете коцка мраз, ставете ја во тенка кујнска крпа и бришете го со неа лицето неколку минути. Цртите на лицето потоа стануваат појасни и се добива природно руменило.

8. Правете истегнување

Започнете го денот со јога или со некоја вежба за истегнување. Овие вежби го поттикнуваат протокот на крвта во гастроинтестиналниот тракт и ќе ве спасат од констипација. Исто така, масирајте го стомакот. Ова го зголемува протокот на крв и ги опушта мускулите.

9. Имајте самодоверба

Колку и да звучи излитено, но чекорете со високо подигната глава. Така ќе изгледате повитки и попривлечни.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина