Камилицата е една од најпознатите лековити билки, која уште одамна се користи заради нејзините позитивни и благотворни дејства на човековото тело. Денес, можеби повеќе од било кога порано, се повеќе се користи во природните третмани за разни тегоби.

Kamilica_caj_naslovna

Она што можеби и не сте го знаеле е тоа дека камилицата може да ви помогне и за полесно, побрзо и поурамнотежено да слабеете (и истовремено може да ви помогне да ги намалите проблемите како што се акутна менструална болка, реума и несоница).

Меѓутоа, немојте сега веднаш да си помислите дека чајот од камилица е чудесен лек за слабеење, такво нешто не постои, но може да ви послужи како помош во здравата исхрана, избалансиран начин на живот и постигнување на здрава тежина.

Бидејќи е богат со калциум, магнезиум, калиум и витамин А, чајот од камилица може да биде навистина важен сојузник во слабеењето.

Како правилно да подготвите чај од камилица?

Кај чајот од камилица е важна дозираноста. Чајот не смее да биде премногу силен (премногу чај/премалку вода или предолго чајот да стои во водата) бидејќи може да предизика тежина во желудникот, мачнини и вртоглавици. За шоља чај доволно е лажичка сув цвет од камилица. Камилицата не се вари, туку само се прелива со топла вода.

Чајот може да се пие ладен или топол, во зависност од вашите желби, но не го засладувајте со шеќер. Ако веќе мора нешто да искористите, тоа нека биде мед (кој смеете да го додадете само во ладен или млак чај затоа што во спротивно ќе ги изгуби вредните хранливи својства). Исто така можете да додадете малку сок од лимон за дополнителен вкус, но, исто така и за да го забрзате согорувањето на мастите. Лимонот е богат со витамин Ц и содржи супстанции кои го забрзуваат и стимулираат метаболизмот.

Внимавајте и на тоа со чајот од камилица да пиете доволно вода. Не престанувајте да пиете вода – и покрај чајот од камилица, се уште ви е потребно најмалку еден литар и пол вода дневно.

Пијте чај од камилица пред секој главен оброк

Ако навистина сакате да го почувствувате корисниот ефект на чајот од камилица на својата тежина, пијте го пред секој главен оброк. Покрај тоа што побрзо ќе се почувствувате сити и ќе изедете помалку, камилица чајот го стимулира лачењето на дигестивните сокови кои помагаат да се свари храната подобро.

Камилица наместо нездравите пијалоци

На многумина нема да им се допадне идејата да ги сменат соковите и енергетските пијалоци со чај од камилица, но ако сакате да изгубите килограми тоа е нешто што мора да го направите. Чајот од камилица помага при отстранување на токсините од телото, како и вишокот вода од ткивата (бидејќи е богат со калиум), што значи дека вашиот целулит нема да биде толку забележлив.

Чај пред спиење

Чајот од камилица е добар да се пие пред спиење, бидејќи тоа ќе му помогне на телото да се смири и опушти и ќе ви помогне поквалитетно да се наспиете. Недостатокот на спиење или лошиот квалитет на спиењето го нарушуваат производството на инсулин и другите хормонални процеси, кои можат да доведат до зголемување на телесната тежина или да ви ги отежнат напорите да изгубите килограми.

Со чај против стрес

Камилицата ќе ви помогне кога ќе се почувствувате напнато, нервозно или под стрес. Стресот има многу негативен ефект врз хормонскиот систем и предизвикува таложење на масни наслаги , особено околу пределот на стомакот, кои и се најопасни. Намалувањето на стресот со помош на чај од камилица помага да се балансира нивото на хормоните на стрес и да се намали телесната тежина.

Помага во варењето на храната

Освен што помага да се согорат масните наслаги и да се ослободите од вишокот на вода од телото, чајот од камилица има позитивно влијание врз обликувањето на вашето тело. Редовното консумирање на чај од камилица го помага варењето на храната и ги решава проблемите како што се лошо варење, запек или забавено работење на цревата. Всушност, сите овие процеси ги забавуваат напорите да се ослободи телото од токсини , а со нив и од масти.

Камилицата помага за подобро варење и наскоро ќе забележите дека и килограмите ќе се намалат. Но уште уште еднаш – камилицата сама по себе нема да помогне – се уште треба да се води сметка за правилната исхрана и движењето. Но, таа ќе ви помогне да се забрза и олесни процесот на губење на тежината, а во борбата против тврдоглавите килограми, секоја помош е добредојдена !