Доколку правите смути веќе некое време, големи се шансите се дека една од состојките кои сте ги употребилке да биде и – бананата. Поради своите хранливи состојки, бананата е одличен избор за смути : просечната банана (околу 100 g) има 89 kcal / 372 kJ.

Бананите содржат 74% вода, 1% протеини, 0,5% масти, 13,5% шеќери, 23% јаглехидрати и 3,4% растителни влакна. Тие се богати со калиум, а содржат и магнезиум, калциум, флуор, фосфор, железо, цинк и бакар. Покрај тоа, бананите се богати и со витамини и содржат: бета-каротeн, витамин Б комплекс,  како и витамините Ц и Е.

Бананата е често составен дел и на смути, бидејќи токму ова овошје му дава на смути-то прекрасна кремаста текстура и густина. Ви предлагаме оваа вечер да излупите една банана и да ја ставите во фрижидер. Лесно замрзнатата банана ставете ја во блендер со останатите состојки – ова на смути-то ќе му даде дополнителна свежина.

Доколку ви недостасуваат идеи за вашиот омилен смути со банана, подолу ви предлагаме пет рецепти, помеѓу кои сигурни сме дека ќе најдете нешто и за себе.

1.Наједноставен банана смути

Ednostaven-banana_smuti_1

 

Потребни состојки (за 2 порции / 4 dl):

  • 2 банани (зрели, можат да бидат и со црни дамки)
  • 2.3 dl нискомаслено млеко или јогурт
  • 4-5 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте се додека не добиете еднолична смеса. Ставете ја смесата во чаши и веднаш можете да уживате во смути-то од банана.

Хранливи вредности (1 порција / 2 dl):

Енергетска вредност: 180 калории

Протеини: 5g

Масти: 4.5g

Јаглехидрати: 32g од кои шеќери: 20g

2. Смути од банана и бобинки

Smuti_banana-i-bobinki_2

 

Потребни состојки (за 2 порции / 4 dl):

  • 2 банани (зрели)
  • 2.3 dl нискомаслено млеко или јогурт
  • 100g боровинки (може и замрзнати)
  • 100 gкапини (исто така замрзнати)
  • 100g малини (исто така замрзнати)
  • 2 целијагоди (може и замрзнати)
  • 4-5 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте ги се додека не добиете еднолична смеса. Ставете ја смесата во чаши и веднаш уживајте во ова смути од банана и бобинки.

Хранливи вредности (1 порција / 2 dl):

Енергетска вредност: 230 калории

Протеини: 6g

Масти: 4.5g

Јаглехидрати: 47gод кои шеќери: 27 g

3. Смути од банана и овесни снегулки

banana-smothie-so-ovesni-snegulki_3

 

Потребни состојки (за 2 порции / 4 dl):

  • 2 зрели банани
  • 100g овесни снегулки (поситен вид)
  • 70g грама бадеми
  • 1dl нискомаслен јогурт
  • 3-4 коцки мраз

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги  во блендер и мешајте ги се додека смесата не се соедини. Послужете во чинии и уживајте во одличниот смути пијалoк кој може да ви послужи како појадок или како оброк пред вежбање.

Хранливи вредности (1 порција / 2 dl):

Енергетска вредност: 380 калории

Протеини: 12 g

Масти: 15g

Јаглехидрати: 53 g од кои шеќери: 19g

4. Чоколаден протеински смути со банана

Coko_banana_proteinski-smoothie_4

 

Потребни состојки (за 2 порции / 4 dl):

  • 1 банана
  • 2.3 dl нискомаслено млеко
  • 2 мали лажички какао прав (незасладен)
  • 1 мала лажичка путер од кикирики
  • 1 лажичка whey протеин (со вкус на чоколадо)

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте се додека смесата не се соедини. Сервирајте во чаши и веднаш уживајте во протеинскиот суперхранлив смути.

Хранливи вредности (1 порција / 2 dl):

Енергетска вредност: 290 калории

Протеини: 13g

Масти: 9g

Јаглехидрати: 45g од кои шеќери: 28g

5. Суперхранлив смути

superhranliv-smuti_5

 

Состојки (за 2 порции / 4 oz):

  • 2,3 dl сок од кокос
  • 115g свеж ананас
  • 1/3 малo авокадо
  • 0,6 ml јогурт
  • 4-6 листови свеж босилек
  • 1 мала лажичка Chia семeнки
  • 1 мала лажичка полен (освен за луѓето кои се алергични на полен)
  • 1 лажичка цеден лимон
  • малку сол
  • засладувач по желба

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте се додека не добиете еднолична смеса. Ставете ја смесата во чаши и веднаш уживајте во овој суперхранлив смути.

Хранливи вредности (1 порција / 2 dl):

Енергетска вредност: 324 калории

Протеини: 13 g

Масти: 15g

Јаглехидрати: 39g од кои шеќери: 22g

Смути-то кое во себе содржи банана е одличен избор за почеток на денот бидејќи ќе ви даде енергија за активностите кои следат во текот на денот. Исто така, ова смути е добар избор и како оброк за пред физичка активност бидејќи во текот на тренингот ќе ви биде потребна енергијата која ќе ви ја даде бананата или другите состојки.