Нашето тело функционира фасцинантно – како вистински компјутерски програм!

Човечкото тело е беспрекорно координиран механизам кој работи на принцип на испраќање и примање сигнали за следните дејства . На пример, откако ќе ја изедеме храната, таа ќе стаса во желудникот само 3 секунди по голтањето, но ќе помине низ процесот на варење наредните 24 часа во нашето тело.

Штом храната ќе дојде во желудникот, таа се разградува во помали честички со помош на желудочната киселина , а потоа неколку часа патува низ тенкото црево каде што е понатаму се вари и хранливите материи се апсорбираат во крвотокот. Таму останува уште два до три часа пред да влезе во дебелото црево. – Во следните 20 часа храната патува низ дебелото црево, па варењето трае во просек од 16 до 30 часа – вели д-р Емануел од Универзитетската болница во Лондон. Времето на варење на поединечни хранливи намирници варира, па така остатоците од еден тежок оброк како на пример хамбургер можат да се најдат во цревата и до три дена по јадењето, додека полесната храна како на пример овошјето може целосно да биде сварена за време од еден час.

Додека кај мажите обично побрзо се вари храната, кај жените тоа оди побавно бидејќи ензимите за варење се послаби, па и варењето трае подолго. Исто така, времето на варење на храната се продолжува како што старееме, а на самата брзина влијае и нашето моментално расположение .

Човековото тело како компјутер

Можете да се здебелите во рок од три часа

 Околу три часа се потребни за мастите да допрат до струкот по еден богат оброк, покажа истражувањето на Оксфорд Универзитетот. Ако оброкот содржи вкупно околу 30 грама масти, по три часа на половината ќе се депонираат околу две до три мали лажички масти. Ова е привремена залиха што ја создава телото, а која ќе се потроши како извор на енергија. Се разбира, таа нема да биде потрошена ако човекот јаде повеќе од потребите на своето тело, па токму поради тоа килограмите ќе се зголемуваат.

Зачнувањето е готово за речиси 30 минути

 На семената течност и е потребно околу половина час да допатува грлото на матката до јајниците во кои се случува оволацијата. Јајце-клетките ослободуваат хормон кој ја привлекува спермата и таа реагира во рок од неколку секунди, покажува истражувањето на Универзитетот во Калифорнија. Проблеми со плодноста можат да настанат ако јајце-клетката не испушти доволно од тој хормон или ако сперматозиидите не го препознаат. Откако јајце клетката е оплодена, времето на бременоста трае од 37-42 недели.

Раните зараснуваат и до две години

 Потребни се околу две години за ткивото потполно да се опорави после некоја длабока рана, како што е на пример раната по операција. Сепак, процесот на зацелување започнува само неколку секунди по повредата, затоа што крвните садови се стеснуваат за да го намалат протокот на крв и да го спречат крварењето. На ист начин се формира и згрутчувањето на крвта. Три недели по повредата на затворената рана се формира лузна, а во следните две години повреденото ткиво зацелува. Раните побавно зацелуваат кај постарите луѓе, како и во текот на спиењето, заради помалото количество на кислород во телото во овие состојби, велат експертите.

Ноктите растат од 2- 4 мм месечно

Човечките нокти растат во просек од околу 3,55 милиметри месечно, според една студија на Универзитетот во Северна Каролина. Денес ноктите растат многу побрзо отколку порано. Така, во 1938 година ноктите растеа во просек од околу 3 милиметри месечно, а “виновник” за се побрзиот раст на ноктите е модерната исхрана богата со протеини и хранливи материи.

Ноктите на средниот прст растат најбрзо бидејќи се подолги од било кој друг прст, па имаат и поголема циркулација, односно доток на хранливи материи. Од истата причина ноктите на ножните прсти растат побавно.

Од вода во урина за еден час

 Во просек, потребен е еден час за течноста која ја пиеме да го напушти нашето тело, велат експертите. Течностите како сок или вода во телото се апсорбираат преку желудникот во крвта, се филтрираат преку бубрезите и потоа одат до мочниот меур. Ситуацијата е малку поинаква кога се конзумира алкохол, бидејќи тој делува како диуретик и тогаш се произведува повеќе урина. Мочниот меур во просек може да задржи околу 300 мл течност, па повеќето луѓе одат во тоалет на секои три до четири часа, а на здрави мажи и жени потребни им се од 20 до 30 секунди за да го испразнат мочниот меур.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.