Ова растение вреди да се користи. Многу е хранлива и вкусна, па јадењата подготвени од нејзините зелени листови се вистински деликатеси. Таа е многу лековита, па нејзините лекови помагаат кај бројни потешкотии со здравјето.

 

Копривата е неоспорна козметичка ѕвезда на која можеме секогаш да се потпреме при грижата за  убавината на нашата кожа, коса и нокти. Во неа има изобилство од првостепени состојк, меѓу кои е магнезиумот, железото, калиумот, калциумот, фосфорот, витаминот Ц, провиаминот А, фолната киселина, хлорофилот, етреични масла, горки соединенија и силициумова киселина. Затоа лековите подговени од коприва ја јакнат, негуваат и хранат кожата, ги негуваат косата и ноктите, спречуваат опаѓање на косата, делуваат против перутот, ја прочистуваат крвта и ја поттикнуваат размената на соединенијата и лачењето отрови од организмот, а помагаат и при кожни заболувања.

 

 

Маска за лице од сок од коприви

 

За чистење на лицето, стеснување на порите и остранување на митисери и акни, помага сокот од коприва. Цели стебленца од млада коприва се потопуваат во вода и треба да остојат еден час. Потоа исецкајте ги. За маската измешајте 2 супени лажци ситни зобени снегулки со исто толкава колилина немасно млеко и сок од коприва и мешајте додека не добиете паста. Маската нанесете ја на лицето, оставте ја да делува 15 минути, а потоа добро измијте ја со студена вода.

 

 

Водичка за коса против перут

 

Земете 1 кг цели млади цветови коприва и прелијте ги со 2 и 70% – тен алкохол. Оставете ги да отстојат 8 дена, а по ова време процедете ја смесата. Оваа водичка треба да се нанесува на кожата на главата 1 до 4 пати неделно, после миење на косата.

 

Шампон за коса против перут

 

1 супена лажица од свежо набрани сецани листови млада коприва се прелеваат со 100 мк. врела вода. Оставете да отстои 5 минути и да се олади. Кога ќе се олади, исцедете го. Потоа помешајте 1 супена лажица т.н. благ сапун.

 

 

Водичка против испаѓање на косата предизвикано од стареење

 

За оваа водичка потребен ни е исечен корен од коприва. Се ставаат во 1 литар вода и се варат заедно со ½ л. бел вински оцет на тивок оган, 30 минути. Потоа се лади и се истура во такленка. Со оваа водичка треба да се масира кожата на главата еднаш неделно, по миењето на косата.

 

 

Водичка за косата и кожата на главата

 

За сјајна и цврста коса и здрава кожа, се земаат два грста свежи или сушени лисови коприва. Се прелеваат со ½ литри врела вода и се остава да отстои три часа. Потоа во цедилка добро истиснете ги листовите и измешајте во нив ¼ л. јаболков оцет и истурете ја смесата во стакленка. Со масирање, водичката нанесете ја на миена коса и кожа.

 

 

Водичка за коса

 

За оживување и сјај како и против опаѓање на косата се насекуваат 20 грама свежи или сушени листови коприва и се прелеваат со 300 мл. Вода. Се варат 10 минути на тивок оган. Оставете кратко време да отстои, а потоа исцедете и додајте 3 супени лажици сок од лимон и 5 капки етерично масло од нане. Ставете го во стакленка и нанесувајте ја со масирање на измиената коса.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина