Иако може да се чини дека сувата кожа на лактите е сосема нормална, доколку потрае подолго време, треба да се обрати внимание на самиот начин на живот. Оваа состојба може да укажува и на кожни состојби, како што е псоријазата.

Сувата кожа на лактите предупредува на намалување на имунитетот на организмот, но иод алергии на некои лекови, средства за перење, па се со алергии од козметички препарати.

 

Кожата на лактите може понекогаш да биде толку многу груба, што може да пече и да боли. За да сфатите што е причината за тоа, треба добро да размислите што сте правеле во последно време.

 

 

Можни причини за ваквата состојба е:

 

  • Одредени сапуни, парфеми и лосиони т.е. контактни алергии
  • Врели бањи и туширања, кои исто така можат да ја оштетат кожата
  • Нагло паѓање на температурата. Студеното време може да ја извлече влагата од кожата
  • Пливање во базен. Хлорот може да биде причината
  • Инфекции
  • Дерматитис
  • Псоријаза
  • Дијабетес
  • Склеродерма

Како да си помогнете?

 

  • Ако долго време минувате под туш, скратете го. Исто така, намалете ја температурата на водата.
  • Ако користите парфимирани лосиони, заменете ги со оние кои не содржат парфеми, бидејќи можно е да ви ја сушат кожата.
  • Користете добри креми и лосиони кои содржат маслиново масло, кокосово масло, петролеј, како путер или шеа путер.

 Ако ништо од горенаведеното не е…

 

Ако ви се чини дека сувите лакти не се резултат од времето, кремите или туширањето и ако таквата состојба трае многу долго, посетете дерматолог. Тој ќе утврди дали се работи за неккав кожна болест.

 

1.Дерматитис

 

Се работи за кожна состојба која предизвикува црвенило, чешање и отекување, а обично е алергиска реакција на ткаенини или хемикалии кои ги допираат лактите. Поради тоа кожата пука во пликови, што може да биде многу болно и многу да чеша. Ако дерматитисот се појави примарно само на лактите, можно е да се работи тогаш за дерматитис херпетиформис. Станува збор за состојба која настанува, односно ја предизвикува чувствителноста на глутен. Антибиотиците можат да помогнат во контрола на чешањето и сувоста, а превенцијата е клучна во спречувањето на појавата на дерматитисот.

 

2.   Псоријаза

 

Таа најчесто се јавува на лактите и колената. Обично е во облик на црвени дамки прекриени со сребрени лушпи и како сува испукана кожа, која може да крвари. Во тој случај, секако треба да се оди на доктор, кој ќе одреди соодветна терапија.

 

3. Склеродерма

 

Склеродермата е хронична кожна болест која ги напаѓа лактите, а предизвикува отекување на кожата, која може да биде многу сува и болна. Лактите можат да болат многу при допир. Тоа обично се јавува поради преголемото производство на колеген и од наследни состојби. Имуносупресивите можат да ги намалат симптомите.

 

4. Дијабетес

 

Инфекците на лактите обично се прв знак за дијабетес. Според Американското здружение за дијабетичари, бактериските и габичните инфекции од кои кожата е сува и болна се чести нус-појави н оваа болест. Лактите исто така можат да бидат вжарени и црвени. Биопсијата на кожата лесно ќе одреди што е причината за тоа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина