Козметичкиот ботокс е прочистен протеин добиен од бактеријата Clostridium Botulinum. Во козметичка цел, ботоксот се користи за отстранување динамични брчки на лицето и вратот. Кога ќе се вбризга во мускул во многу мали дози, ботоксот ги блокира нервните импулси на тие мускули, што предизвикува губење на динамичните брчки. Употребата на ботоксот на лице може да се пренесе и на други делови, како што е вратот или жлездите. Ботоксот успешно ќе ги отстрани и брчките на вратот, а неговото вбризгување во пределот на потните жлезди ќе го намали или отстрани потењето во тој дел, во препоните, дланките и стапалата.

Што е ботулинум A?

Ботулинум А е токсин кој привремено ги блокира мускулите, со што се губи можноста за прекумерни мимики, па кожата над тие мускули станува позатегната. Ефектот трае во зависност од дозата и претходната состојба, но зависи и од метаболизмот на пациентот.

Вистабел (Allergan) и Ботокс (Allergan) се формулации на токсинот на ботулин тип А, кои се користат за отстранување на мимични брчки во пределот на средниот дел на челото (Вистабел) или за терапија кај прекумерно потење (Ботокс). Токсинот Ботулин во медицината се користи повеќе од 50 години, а индикациите за неговата примена се при тетарпија кај страбизам и блефароспазма (неможност да се движи очнот капак).

На почеток на 21 век, неговата употреба е одобрена при терапијата кај брчки добиени од ,,муртење,, во пределот помеѓу веѓите и кај брчки околу очите, за што се користи формулацијата Вистабел (Allergan), додека формулацијата Ботокс е одобрена при терапијата за прекумерно потење (хиперхидроза), како и кај терапија кај мигрена и инконтиненција.

Дали е рано за ботокс и дали лицето изгледа ,,смрзнато,, по третманот?

Ботулин А може да се користи за спречување на настанок на брчки и никогаш не е рано за интервенција – колку порано ќе се стави, толку е помала веројатноста дека ќе се појават брчки.
Терапијата со ботулин А никогаш не треба да направи ,,смрзнато,, лице, со кое ќе се појави неможноста за искажување емоции, туку само да ги блокира мускулите одговорни за правење гримаси и со самото тоа и брчките, оставајќи можност да се изразуваат емоции и да не се загуби индивидуалноста. Некогаш е потребно пациентот да дојде на дополнителна интервенција за да му се додаде извесна количина ботулин со цел постигнување подобар ефект секогаш е подобро да се даде малку, па да се додаде потоа, кога ќе се види целосниот ефект.
Инаку, по правило, третманот со ботокс не треба да се повторува, но тоа многу пациенти сакаат да го прават. По апликацијата на ботулинот А, кожата ќе изгледа одлично, бидејќи се одмора од постојаните, прекумерни контракции на мускулите.

Контраиндикации и несакани ефекти

Несаканите ефекти од интервенцијата се ретки и минливи – оток и појава на модринки на местата на убод од иглата, главоболка и симптоми на настинка. Посериозните последици опфаќаат пад на очните капаци, подигање на веѓите, еднострана насмевка, сувост на очите или прекумерно солзење. Затоа, по интервенцијата не смее да се масира или трие пределот каде е инјектиран ботулинот. Вежбање или пиење алкохол е дозволено 24 часа по интервенцијата. Исто така, не треба да се лежи барем четири часа потоа и треба да се одбегнуваат терапии со аспирин, ибупрофен и напроксен. Максималниот ефект од интервенцијата е видлив неколку дена потоа.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина