Предозирање со витамин ц
Иако е прво средство во одбраната против вирусите, кое не чува од настинки и други болести, сепак преголемото консумирање на витамин Ц може да биде исклучително штетно за нашиот организам и многу отровен.
Силен имунитет и живот без настинки е првото нешто кое ни паѓа на ум на сите нас кога ќе се сетиме на витаминот Ц, но оние кои само еднаш внесле преголема количина од овој витамин сигурно ги помнат симптомите кои се јавиле.
Витаминот Ц не служи само за јакнење на организмот, тој ја подобрува апсорпцијата на железо и калциум, па помага против алергии, го олеснува слабеењето, важен е за добриот вид, а утврдено е дека оние чија исхрана содржи поголема количина витамин Ц за три пати е позаштитен од развивање артритис во однос на оние кои не консумираат доволно од овој витамин.
Токсичноста од витамин Ц е ретка, бидејќи лесно се излачува од организмот. Последиците од преголеми дози (повеќе од 2 грама дневно) најчесто се јавуваат во вид на дигестивни тегоби. Симптомите кои се јавуваат при хипервитаминоза најчесто се печење при мокрење, дијареја, интестинални гасови, болки во абдоменот, осип и мачнина.
Витаминот Ц земен во големи дози со големи дози на ацетилсалицилна киселина (aспирин) може во повеќето случаи да предизвика ерозивен гастритис, a кај некои луѓе и вертикуларен улкус. Аксорбинската киселина се насобира во организмот и се таложи како бубрежен камен, па на оние кои имаат камен во бубрезите или се склони на создавање камења во бубрезите, им се препорачува да одбегнуваат преголеми количини од овој витамин. Треба да се биде вниматекен со весувањето витамини и минерали, посебно ако се работи за додатоци во исхраната, бидејќи со храната тешко можете да претерате со внесувањето на витамините.
Големите дози витамин Ц нема да бидат полезни, а можат и да му штетат на здравјето. Освен тоа, големото консумирање на еден нутритиент може да ја намали апсорпцијата или да го маскира недостигот на друг. Затоа, бидете умерени! Витаминот Ц може да се пронајде во пиперките, портокалите, ананасот, лимоните, јагодите, брокулата, зелјето, магдоносот и т.н. Треба да се има предвид дека термичката обработка на намирниците го уништува во целост витаминот Ц, па затоа потребно е да се внимава при подготовка на храната.