Проширените пори не се медицински проблем, но често можат да бидат непривлечни. За среќа, постојат докажани стратегии за намалување или нивно прекривање.

 

Порите се всушност места на кои каналите на лојните жлезди излегуваат на површината. При засилена работа на лојните жлезди доаѓа до појавата на проширени пори, а ако тие се затнати, се развиваат митисери и акни.

 

Причини за проширени пори

 

Проширените пори можат да се појават од повеќе причини. Веројатно најчестата е генетиката, а во останатите се вбројуваат:

 

  • Масна кожа и себореја, се чести проблеми со кожата поврзани со проширените пори,
  • Хормонски нарушувања, како што се полицистичните јајчници,
  • Пубертет и менопауза,
  • Неправилна нега на кожата, вклучувајќи неадекватна хигиена и претерано шминкање,
  • Изложување на сонце,
  • Пушење,
  • Проширени пори можат да се појават и ако имате сува кожа, посебно ако во еден период од животот, на пример за време на пубертетот, сте имале проблеми со масна кожа на лицето. Тогаш проширените пори најчесто се многу поизразени.

 

Како да се намалат проширените пори

 

Постојат бројни достапни третмани за намалување на порите, но првенствено потребно е адекватно да се негува лицето, што вклучува редовно чистење (наутро и пред спиење), пилинг на лицето (еднаш или на секои две недели) и повремено нанесување маски за лице кои чистат и кои ги намалуваат порите како и го намалуваат лачењето на себумот. Освен тоа, се препорачува употреба на препарати коишто содржат алфа хидроксилна киселина, бета хидроксилна киселина (салицилна киселина) или бензоил пероксид, бидејќи тиа помагаат во отстранување на вишокот масти и мртви клетки кои се насобираат околу порите.

 

Исто така, кремите со додатоци на витаминот А се многу ефикасни при намалување на проширените пори. Еднаш седмично, прекриени со крпа, парете го лицето над сад со врела вода, a за оптимални резултати веднаш потоа нанесете маска за лице.

 

Медицински третмани за проширени пори

 

Ако имате проблеми со проширени пори, вашиот дерматолог може да ви препорача козметички третмани:

 

  • Микродермоабразија – техника при која кожата се подмладува со ситни честички од микрокристали, кои го отстрануваат вишокот маснотии и мртви клетки од кожата, а кои се насобирaат во проширените пори. Оваа техника истовремно го поттикнува производството на колаген и здравиот изглед на кожата.
  • Хемиски пилинг – ги отстранува мртвите клетки од кожата и ги намалува проширените пори и другите несовршености на кожата (на пример, брчки, акни и кафави дамки).
  • Фраксицки ласер – освен за проширени пори, одличен е кај акните.
  • Радиобранови и фраксицки радиобранови – е третман со топлина, кој ги уништува лојните жлезди и така ги намалува проширените пори, но и ги отстранува исто така другите неправилности на кожата.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина