Следењето на најновата ,,супер храна,, наликува на следење на некаков модерен тренд. Минатата година кељот и киноата ги поставија во групата на оваа храна, а постепено тоа го направија и со житото фонио. Но, што всушност ја сочинува супер храната? И зошто постојано ја гледаме по весниците?

Дефиниција за супер храна

Самиот поим супер храна не асоцира на зборот ,, супер јунак,,. Тоа е поим кој подразбира дека овие намирници имаат повеќе хранливи вредности од останатите, обични намирници. Но, не постои вистинска дефиниција за супер храната – тоа е едноставно збор кој се употребува за поздрави намирници. Тоа може да биде растителна храна која во себе содржи многу витамини, минерали и влакна, како и фитонутритиенти (делува како антиоксиданс).

Сите пописи за ,,супер храна,, се воглавно слични – растителна храна во вид на лиснат зеленчук, јаткасти плодови или зрнесто овошје. Многу од списокот на супер храна содржат во себе изобилство на фитонутритиенти. Но, ако се фокусирате на само една намирница, ќе направите грешка. Многу од овие фитонутритиенти не делуваат како антиоксиданси во телото. Сепак, постои добра можност тие да понудат поздрава поддршка на други начини. Со буквално над илјадници корисни соединенија во растителните намирници, никогаш не можеме да знаеме како секое од нив ќе делува корисно врз нашето здравје. Кажано поинаку, ако се фаворизираат одредени намирници, бидејќи тие се ,,супер,,, можеме да ги игнорираме другите намирници кои се подеднакво, ,,супер,, – само на поинаков начин. Така, еден период, зобените снегулки, боровинките, спанаќот и бадемите беа супер намирници, а истите можеа да се заменат со други намирници, како што се житарки од цело зрно, овошје, лиснат зеленчук и јаткасти плодови, и пак ќе беа еднаква на овие првиве ќе беа ,,супер,, храна.

Здравствено погодна храна или не баш толку?

Боровниците, на пример, се добри за нашиот организам. Но, некои други зрнести овошја не се. Секој вид си има свои сопствени групи на фитонутритиенти, кои можат да имаат бенефит врз нашиот организам и на друг начин. Нема сомнение дека кељот е хранлива намирница, а дека репката, зелјето, спанаќот и блитвата не се толку многу хранливи. Гоџито, киноата и кељот се сметаат за супер храна, клучна за здравјето, но од неодамна научниците истакнуваат дека овие намирници не се толку здрави и можат да доведат до сериозни здравствени проблеми?!

Во натписот објавен во списанието Vogue, нутриционистката Џилијан Меккејт советува да се одбегнуваат споменатите намирници. Како што напоменува, претераното консумирање на сиров кељ, посебно во зелените смути напитоци, може да ја попречи работата на штитната жлезда. А претераното консумирање житарики, како киноа, без разлика на тоа што се здрави, може да доведе до иритација на цревата. Од друга страна, пак, гоџи има богати хемиски соединенија кој го зголемува ризикот од синдромот на пропустливост на ѕидот на дебелото црево.

За огромната популарност на здравата т.н. супер храна зборува и минатогодишното истражување во кое научниците открија дека дури 61% од луѓето купуваат храна и пијалоци со натпис ,,супер храна,,. Но, Британското нутриционистичко здружение предупредува исто така дека овие намирници многу често даваат лажни очекувања за здравствените предности. Според зборовите на научниците, за да внесете во организмот еднаква количина на антиоксиданси колку што внесувате со консумирање на едно изедено црвено јаболко, треба да испиете дури 13 чаши гоџи сок.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина