Луо хан гуо (лат. Siraitia grosvenorii) се мали, округли зелени плодови од семејството на тикви. На Далечниот исток се користи илјадници години во народната медицина. Во Кина е познато какоовошје на долговечноста,,. Со него се лекуваат разни болести, од респираторни инфекции до дигестивни проблеми.

Мноумина луѓе знаат дека луо хан гуо е здрава замена за шеќерот и дека позитивни резулати на намалувањето на нивото на холестеролот. Екстрактот на ова растение е за 300 пати посладок од шеќерот, но во продажба најчесто се продава како концентриран прав – нема калории, а со тоа нема ниту гликемиски индекс, па им се препорачува на здравите луѓе и на дијабетичарите. Единствено не се препорачува да се става во кафе, затоа што го менува неговиот вкус.

Најновите истражувања покажуваат дека ова овошје може да излекува и рак. Се чини дека антиканцерогени својства во ова овошје имаат хемиските супстанции морозиди. Тука спаѓаат могрол, могрозид V и 11-оксо-могрозидот.

Могрозиди се соединенија кои му го даваат слаткиот вкус на ова овошје, а во исто време се одговорни и за уништувањето на ракот. Ако се земе предвид фактот дека истражувачите докажаа дека зголемениот внес на шеќер доведува до ширење на ракот, луо хан гуо е овошје кое може да го забави, но и да го излекува ракот. Притоа, истражувачите наведуваат дека могрозидите спаѓаат во групата на соединенија кукурбитански гликозиди, кои ги има и во горчливата диња и кои делуваат на имунолошкит систем. Прв гликозид е амигдалинот, силна спстанција која е присутна во семките на кајсиите. Од тогаш се спроведени бројни истражувања кои одат во прилог на ова овошје. Едно од нив е она на кинеските научници, кои откриле дека соединението могрозид во луо хан гуо предизвикува апоптоза на клетките на ракот, што доведува до прекин на нивниот клеточен циклус.

Друго истражување спроведено во 2011 година открило дека една варијанта на ова овошје, по име Momordica grosvenorii, има антивоспалителни и антиканцерогени својства. Во 2008 година, биле докажани и неговите антидијабетни својства. Кинеските научници докажале дека могрозид V има и антиоксидативни својства.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина