Копривата (лат. Urtica dioica L.) потекнува од фамилијата Urticaceae, подвид коприварки. Медицинското име и е Folium Urticae. Не постои болест за која не се пепорачува копривата, или како диетално јадење или како лековит напиток. Со нејзината примена доаѓа до исклучително брзо видливо подобрување, што не е случај кај другите лековити растенија. Сокот од свежа коприва и нејзиниот стерилизиран сок се на прво место по чудотворното делување.

Земањето свеж сок и чај од коприва е корисно за лекувањето: разни анемии (уште се нерекува и железен тоник), во превенцијата на артериосклерозата, бубрежните заболувања и воспалението на уринарните патишта и мочниот меур (за посилно мокрење, кај циститис, инфекции, разни иритации, крварења, при појава на крв во урината, каменчиња и песок), болести на простатата (воспаленија, инфкции, бенигна хиперплазија на простатата, зголемена простата, потешкотии при мокрење – екстрактот од коренот од копривата ги стимулира машкио хормон тестостерон и женскиот – естроген). Им помага на болните од шеќер, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта и е добра диетална намирница, им се препорачува на болните од Алцхајмер, мултиплекс склероза, запек, посебно за отстранување на некои задебелувања, стопирање и спречување на крварење, посебно од носот, крварење од матката, белите дробови, цревата, бубрезите и мочните патишта, a одлично делува и при хемофилија и крварења на слаби крвни артерии.

Позната по многу лековити својства, копривата е богата со флавобоиди, кои се однесуваат како антиоксиданти – лесно се апсорбираат и многу брзо се излачуваат од телото, со што придонесуваат за детоксикација на црниот дроб. Исто така, помагаат во оддржување на стабилна телесна тежина и ја подобруваат општата здравствена состојба. Младите фиданки од коприва се особено богати со железо, фосфор, магнезиум, калциум и силициум, содржат и витамини А, Ц и К, танини, бројни аминокиселини и шеќери. Благодарение на тоа копривата ја прочистува крвта, ја подига одбранбената моќ на на имунолошкиот систем, ја враќа силата и енергијата и спречува воспаленија. Како одличен извор на хлорофил, помага во обновувањето на оштетените клетки и влијае на подолгото задржување на кислородот во мозокот.

 

Копривата се има покажано како одлична помош при поленска треска и други видови алергии, ја поттикнува размената на материите, ја јакне и чисти крвта и целиот организам, ги лекува болестите на метаболизмот, го јакне имунитетит, го намалува високиот притисок, ги лекува последиците од радиоактивно зрачење, го засилува создавањето на млеко кај мајките, го потикнува растот на нова коса, детоксифицира и јакне.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина