Ананасот апсолутно е еден од најомилените овошја. Нема соменние дека освежува и дека е многу вкусен. Но, тој со себе носи и многу благодети за здравјето. Ова се трите најважни.

1. Преполн е со витамин Ц

Една шолја ананас ја задоволува повеќе од 100% препорачаната дневна доза на витамин Ц. И, додека сигрно веќе знаете дека витаминот Ц помага во оддржувањето на имунолошкиот систем, тој придонесува и за уште повеќе од тоа. Витаминот Ц е исто така одговорен за раст и обнова на клетките низ целото тело. Освен тоа делува како антиоксиданс, заштитувајќи ги клетките од предвремено стареење и штитејќи од разни болести, како што се канцерот и срцевите болести. Овој витамин помага и во оддржување на телесната тежина. Една студија открила дека вежбачите кои не консумираат доволни количини витамин Ц, согоруваат за околу 25% помалку калории за време на нивниот тренинг. Премалку витамин Ц во крвоткот се поврзува со поголемо ниво на масти во телото и поголем обем на половината.

2. Ја оддржува кожата здрава

Ананасот е богат со манган. Само во една шолја има повеќе од 75 % од препорачаната дневна доза. Овој минерал задно со витаминот Ц, е потребен за градењето на колагенот – структурна компонента која спречува омлитавување на кожата и нејзино брчкање. Манганот исто така делува и како антиоксиданс, бидејќи ги штити клетките на кожата од оштеување од УВ-зраците.

3. Помага за подобро варење на храната

Ананасот во себе го содржи ензимот бромелин, кој му помага на дигестивниот тракт за подобро варење на храната. Јадењето ананас заедно со оброкот доведува до тоа бромелинот да ви помогне да ги сварите протеините, намалувајќи ја надуеноста и лошото варење на храната во желудникот.

Каде се може да се јаде ананас

Свежиот ананас е одличен, но тој исто така може да се вметне во некои рецепти. Ова се само некои идеи како да се користи во смути, коктели и друго.

 

  • Подгответе смути од ананас, кокосово млеко, кокосово масло и малку наренден корен од ѓумбир.
  • Додадете свеж ананас во сос подготвен од една лажица мед, половина лажица рендан корен од ѓумбир и лук и малку црн пипер. Измешајте парчиња ананас со ситно сецкана зелка и служете ја оваа салата заедно со сосот и со омилената риба.
  • Ставете на скара неколку парчиња ананас.
  • Измиксајте во блендер свеж ананас со грст мраз, четвртина кокосово млеко и парчиња банана.
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина