Некои пробиотици можат да се нарекуваат и психобиотици, бидејќи најновите истражувања покажуваат дека придонесуваат за подобрување на менталното здравје.
Пробиотиците, општо познати како ,,пријателски бактерии,, помагаат во оддржување на здравјето на органите за варење. Тие, исто така, го јакнат и имунитетот. Сега истражувачите откриле дека пробиотиците делуваат и врз менталното здравје, па дури им имаат измислено и ново име – психобиотици.

– Психобиотиците се живи организми кои, кога ќе се внесат во адекватна количина, делуваат позитивно врз пациентите кои патат од психијатриска болест, пред се од депресија и нарушувања кои се поврзани со стресот – пишува во текстот објавен во јуни минатата година во списанието Биолошка психијатрија.

Според Алан Ц. Логан, натуропат и ко-автор на книгата Your Brain on Nature, пробиотиците помагаат да се воспостави рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во цревата.

Овие бактерии прават многу добри работи, а пред се ја штитат слузокожата на цревата – вели Логан. Нерамнотежата на цревната флора (настаната како послдица до психолошки стрес или од исхрана богата со масти и шеќер, на пример) може да доведе до пропустливост на цревата. Тоа значи дека делови од бактериите можат да минат низ слузокожата на цревата и да влезат во крвотокот, доведувајќи до слаби воспаленија. А тоа, пак, се доведува во врска со прекумерната дебелина, различните болести, но и проблемите со менталното здравје.

Видовите добри бактерии, оние кои најчесто се наоѓаат во храната, се членови на семејствата lactobacillus и Едно истражување од 2011 година, објавено во Британското списание за исхрана, следело возрасни луѓе кои во текот на 30 дена, за појадок им биле давани или пробиотици или плацебо. Оние кои консумирале пробиотици, биле помалку напнати и под стрес. Истражувањето заклучило дека ,,цревната микрофлора игра улога во случаи на стрес, напнатост и депресија“, a дека пробиотиците можат да бидат полезни како додаток во терапија кај психијатриски нарушувања. Можеби е нереално да се очекува пробиотиците да ги заменат лековите кои се користат во лекувањето на депресијата. Иако научниците се согласуваат дека се потребни дополнителни истражувања, пораката која ја испраќа ова истражување, веи Алан Ц. Логан, е дека пробиотиците, покрај здравата исхрана и редовната физичка активност, можат да бидат корисни и за менталното здравје.

Храна која содржи добри бактерии

 

Ферментираната храна им обезбедувана цревата добри бактерии. Организмот полесно ги усвојува хранливите состојки од ферментираната храна. Затоа потребно е да се вклучат една до две порции од овој вид храна во секојдневната исхрана. Ако не се внесуваат редовно, пробиотиците не можат да преживејат во цревата повеќе од една или две недели, велат стручњаците.

Во храна која е богата со пробиотици спаѓаат: јогуртот, кефирот, мисото, киселата зелка, темпехот, напитокот од комбуха, брзата туршија – кимчи и матеницата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина