Од неодамна имате забележано пецкање во грлото или сте добиле осип на ногата и загрижени сте. Но, кој ќе оди да чека два часа на доктор, кога потенцијалната дијагноза е оддалечена на само едно кликнување. Најновото истражување покажало дека се поголем број луѓе се свртуваат кон Интернетот за да побараат некој здравствен совет, додека некои сериозно претеруваат со тоа.

И, додека на Интернет ќе пронајдете за своите проблеми низа застрашувачки болести од кои можете да страдате, веројатно ниедна нема да ви понуди лек за растечкиот проблем на новата генерација: Сајберхондријата!
Па, иако вашиот осип е малку веројато телесна реакција на одредено имитирање, вашето долготрајно кликање ќе го претвори кога-тогаш во застрашувачка кожна болест чиј описи предизвикувааѕ висока анкциозност и страв. Да, иако се чини иронично, колку подолго барате решение и утеха, толку подлабоко ќе се закопате во бескрајни листи на болести кои би можеле да бидат поврзани со вашиот мал проблем.

Не грижете се, единствениот проблем е во вашата глава, а еве и како да го препознаете за да можете да време да го третирате:

  •  Дневно поминувате 1 – 3 часа во потрага на симпоми
  •  Се плашите дека имате неколку различни болести
  •  Во најлошиот ден, симптомите ги проверувате три до четири пати во денот
  •  Онлајн пребарувањето за симптоми ја зголемува вашата анкциозност
  •  Според дијагнозата на вашиот доктор, здравствената состојба ви е стабилна

 

 
Ако можете да се поистоветите со овие пет карактеристики, докторите советуваат најдобриот третман е одбегнувањето на Интернетот. Иако мислит дека потрагата по симптомите и решенија може да ве утеши, тоа само дополнително ќе ви ја влоши вашата и онака значително немирна состојба. Секако, ова правило не важи доколку веќе ви е дијагностицирана некоја болест, па на Интернет настојувате да пронајдете дополнителни информации за да можете правилно да ја третирате.

И, за крај, не заборавајте дека нашето здравје треба да биде на прво место. Затоа е најдобро да не се уништува со лажни стравови од Интернет.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина