Остеопорозата, специфична болест на коските, е заболување кое доаѓа без никакви најави и видливи симптоми и претставува метаболичка болест како последица на промената на квалитетот на коските. На одреден начин коските се разградуваат, губат на маса, односно стануваат покршливи, па кај болните доаѓа почесто до преломи. Почесто ги напаѓа жените, посебно во позрелите години и почеста е во периодот на менопаузата. Апсолутно е погрешно верувањето дека коскената маса се намалува само кај жените. Американските истражувања покажуваат дека секоја втора жена, но и секој петти маж по педесеттата гоДина од животот доживува остеопоротични преломи. На појавата на остеопороза може да влијае слабоста, односно ниската телесна маса. Појавата, пак, на преломи на колковите кај сродници од прва линија, укажува на тоа дека наследноста во голЕма мерка влијае врз појавата на оваа болест. Хипертиреозата, воспалителни процеси на цревата, ревматски воспаленија и други болести кои се одразуваат на коскениот метаболизам исто така доведуваат до остеопороза. Тука голема улога играат и пушењето и прекумерното внесување алкохол.

Коскената маса се создава во младоста, и тоа кај момчињата повеќе од 25% помеѓу 13 и 15 година од животот, а кај девојчињата помеѓу 12 и 14 година. За време на пубертетот најмногу се создава коскеното ткиво и таа количина одговара на вкупната маса коскено ткиво кое ќе се загуби во текот на животот. Се смета дека староста од 20 години е гранична: дотогаш може да се направи нешто позначајно кога се работи за коскениот систем.

Кај девојчињата најоптимално време за изградба на коскеното ткиво е појавата на менструацијата. Колку порано таа ќе започне, толку е подолг периодот на создавање на коскеното ткиво. Ако менструацијата се појави подоцна, покрај неадекватна исхрана или пак професионално занимавање со некој спорт, коскеното ткиво побрзо ќе се создаде и со самото тоа ќе биде неадекватно.

Потхранетоста и малата телесна тежина ќе го одложат настанокот на менструацијата или ќе ги прекинат веќе постоечкиот менструален циклус и лачењето на естроген, кој игра главна улога во изградбата на коските. Единствен начин за некој да поврати каква било количина од коскената маса е да почне да се храни правилно, и тоа делумно може да помогне само до 25 – та година од животот. Па сепак, овие луѓе нема никогаш нема да можат да имаат коскен систем како оние кои никогаш немале проблеми со исхраната. Исто така, многу важен фактор е и генетскиот фактор, односно каков коскен систем сме наследиле од родителите. Превенцијата на губење на коскеното ткиво треба да започне кога личноста е многу млада. Треба да се обезбеди храна која е многу богата со витамин Д и да се охрабруваат децата што повеќе да се занимаваат со спортови, бидејќи тие влијаат поинаку на брзината на создавање на коскена маса.

Бремените, доилките и малите деца треба да земаат витамин Д не само преку храната, туку и во вид на суплементи (сирупи или таблети), бидејќи тој е најважен во изградбата на коските и може да ја зголеми апсорпцијата на калциум во организмот за дури 80%.

Возрасните треба упорено да вежбаат со тегови и секоја вежба да ја повторуваат по 10 пати. Вкупното време за вежбање треба да биде 45 минути и да се вежба 2 – 3 пати неделно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина