Вингвејв е нов метод чија примена многу ефикасно го доведува организмот во рамнотежа и брзо го отстранува стресот, менталните блокади, стравовите и фобиите додека во исто време го подига нивото на креативност и менталните способности како и емоционалната стабилност. „Замавнување на крилјата на пеперутката“, оваа метафора е земена како основа за именување на методот кој го смислиле и развиле психолозите Кора Бесер и Хари Сигмунд од Бесер – Сигмунд Институтот од Хамбург. Винг (Wing) (крило) асоцира на трепет на крилја на пеперутка.

Ова мало движење ако се случи на вистинското место и во вистинското време може да предизвика климатски промени. Аналогно на тоа, со Wingwave коучингот малите импулси можат значително и позитивно да придвижат клима од доживувања и однесувања кај човекот, под услов да е точно одредена почетната точка. Метафората со крилјата исто така го илустрира нагласокот на оптималната соработка помеѓу двете хемисфери на мозокот (како што и крилјата на пеперутката мора да соработуваат) за да можат да ги поддржат интелектуалните напори и да обезбедат успешни резултати.

Wave (бран, замавнување) не асоцира на англискиот збор „brainwave” што значи паметна идеја или спознание. Токму такви brainwaves спознавања со Wingwave тренингот се постигнуваат нацелено. Брзото темпо на живот кое го живееме, оттуѓеноста која се повеќе ја чувствуваме не води до големи оптоварувања и ментални блокади. Кога ќе ни се случи непријатно доживување како и предизвикани негативни емоции, тие можат да останат блокирани во меморијата во оригиналната форма: слики, звуци, мисли и телесни сензации. Wingwave ги стимулира информациите и му овозможува на мозокот да го обработи тоа искуство. Како и кај РЕМ фазата, која се случува за време на сонот, кога мозокот автоматски го обработува несвесниот материјал, така со Wingwave ја стимулираме и интензивираме оваа фаза, во будна состојба, која води до брза и ефикасна обработка на негативните емоции.

Wingwave е комбинација од кинезиологија (O-ринг тест за препознавање на стварната почетна точка и проценка на ефикасноста на процедурата), НЛП (Невро-лингвистичко програмирање) и билатералната стимулација на хемисферата на мозокот. Овој тренинг метод пред се значи нацелен развој на ресурсите и на креативните процеси. Многу е едноставен, брз и ефикасен. Дава можности со мала интервенција да се стигне до големи постигнувања во личниот и во професионалниот развојНаменет е за деловните луѓе, менаџерите, студентите, учениците, уметниците, спортистите и на сите оние на кои им е неопходна способноста да достигнат и оддржат оптимален ефект. Со својата единствена и прецизна постапка може да оствари неверојатни резултати, и тоа точно во согласност со моменталните потреби на личноста, и сето тоа е можно за многу кратко време. Меѓу целите од примената на овој метод се, помеѓу другитем намалување на стресот кај тешките работни ситуации (со членовите на тимот, деловните партнери, менаџерите и супевизорите). Тој е ефикасна ментална подготовка за важни презентации, јавни говори или интервјуа, но и за врвни достигнувања во спортски натпревари (одделни и тимски), за надминување анкциозности и фобии, но и ментални блокади кои влијаат на креативноста, намалување на физичкиот стрес, како што е несоницата, џетлегот или исцрпеноста.

Се работи индивидуално, односно еден на еден. Тренерот е тој кој го насочува својот клиент. Темата на која се работи ја одредува личноста, а појдовната точка – тренерот врз основа на моменталните физички и емоционални потреби од примената на миостатичкиот или O-ринг тестот. Wingwave интервенцијата всушност ја стимулира РЕМ фазата додек е клиентот буден. Очите на клиентот го следат замавнувањето на прстите на тренерот, што доведува до тоа заглавените емоции да се обработуваат со голема брзина. Малите импулси предизвикани од движење на очите може значително да придвижат плима од доживувања и да предизвикаат промени во однесувањата. Прагматичниот пристап му овозможува на клиентот веднаш да забележи дали интервенцијата го доведува до саканата состојба.
Методот е релаксирачки и клиентите обично чувствуваат олеснување и забележливо подобрување на енергетските потенцијали. Многу поефикасно може да управуваат со сопствените мисли и емоции, стануваат позадоволни, посмирени, така што некои емоции не ги доживуваат толку бурно, а имаат впечаток како емоциите да не поминуваат низ нив, туку покрај нив. Животните ситуации ќе ги гледаат многу пореално, помалку ќе бидат оптоварени и поефикасни при носењето на одлуките.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина