Името на магнезиумот потекнува од грчкиот збор манганесе, кој значи магија. А, според Државниот Универзитете од Орегон, во целост си го има заслужено своето име. Магнезиумот е минерал со антиоксидативно својства, а на организмот му е потребен за развој и оддржување на коските, за зараснување на рани и метаболизација на јагленохидратите. Исто така, тој е еден од клучните фактори кој ги апсорбира витамините Б и Ц во организмот и е пресуден фактор за здравјето на мозокот.

Списанието Livestrong предупредува на симптомите од недостиг на магнезиум во телото. Тоа се:

  • слабост
  • мачнина
  • повраќање
  • вртоглавица
  • наслабнат слух
  • слаба коса
  • тенки и кршливи нокти

Недостатокот од магнезиум во екстремни случаи се манифестира со:

  • парализа
  • слепило
  • неплодност

За да го одбегнете недостатокот на магнезиум во организмот, списанието HealthAliciousNess препорачува воведување на следнава храна во секојдневната исхрана:

Јаткасти плодови и семки – лешници, бразилски ореви, тие се храна која во себе има најмногу манган, богати се со витамин Е, бакар и со магнезиум.

Житарки од цело зрно – кафеав ориз, зобени снегулки, квиноа, булгур и просо се житарки полни со магнезиум кои го намалуваат ризикот од дијабетес 2, боелсти на срцето и одредени типови рак.

Мешунки – грав, грашок и леќа, полни се со влакна, витамин Ц и магнезиум

  • Црн чај – еден од најлесните начини како да се зголеми дозата на магнезиум во телото е ако дневно се пие шолја вистински црн чај. Предностите на црниот чај вклучуваат и позитивен ефект на работата на срцето и коските.
  • Спанаќ – еден од најздравите преставници на лисјестиот зеленчук, покрај магнезиум има два пати повеќе од препорачаната дневна доза од витамин А и шест пати повеќе од витаминот К
  • Тофу – оваа вообичаена намирница на вегетаријанската кујна е поздрава отколку што мислат повеќето луѓе. Покрај магнезиум, тофуто е одличен извор и на калциум, железо и омега 3.
  • Морски плодови – школки, ракови и риба се само дел од морските плодови кои се богати со магнезиум. Освен магнезиум, тие се добар извор и на Б витамин, омега 3 и есенцијални аминокиселини.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина