Бенигното зголемување на машките гради или гинекомастијата, кое може да настане како резултат од неколку фактори, им создава непријатност на многу мажи. Доаѓа од грчкиот поим, а во превод буквално значи ,,гради како на жена,,. Статистиката покажува дека еден од тројца мажи помлади од 40 години имаат проблем со одреден степен на гинекомастија.

Причина за гинекомастија не мора да биде гинекомастијата

 

Причината за гинекомастијата можат да бидат хипертрофија или зголемување на жлездениот паренхим на дојката и собирање на деозити во поткожното масно ткиво. По педесеттата година од животот, речиси половина од машката популација има зголемени гради.

 

Висок степен на телесни масти – липомастија

 

Човечкото тело ги складира мастите на начин кој генетиката веќе го има одредено. Тоа значи дека како резултат на генетиката, некои мажи одредена количина вишок на телесни масти имаат на градите, па така настанува салото на градите. Без разлика на генетиката, ако добивате премногу масти, телото повеќе нема да има простор сето тоа да го складира. Од таа причина дел од тоа завршува во облик на градно сало. Оваа појава се нарекува липомастија.

 

 

Гинекомастија

 

Овој термин за ,,машки гради,, не е поврзан со постоењето сало на градите. Таа настанува поради градното ткиво и како резултат на неизбалансираните нивоа на хормоните тестостерон и естроген. Од таа причина, најчесто се појавува во периодот на пубертетот или во средните години, по педесеттата година од животот. Може да се појави и како нус-појава од земање стероиди, кои влијаат на нивоата на хормоните. Може да биде блага и есктремна. Исто така, може да се случи комбинација од двете наброени појави.

 

 

 

Гинекомастијата не може да се спречи

 

Проблемот со машките гради може да се појави поради вишок масно или жлездено ткиво или како комбинација од двете видови ткиво. Не може да се спречи, но може да се коригира со корективни зафати. Така, кај мажите може да се направи намалување на градите, мастектомија или липосукција.

 

Пред одлуката за корективен зафат, потребно е да се направи преглед кај ендокринолог, со цел да се одбегнат некои други посериозни причини за растење на ткивото на градите. Треба да се знае да се разликува вистинската гинекомастија од другите проблеми и тумори, кои се воглавно болни, додека гинекомастијата се зголемува концентрично. Исто така се разликува од растот на градите кај оние кои се дебели. Оние со гинекомастија имаат поголем ризик за развој на малигнитет.

 

Корекција со комплексна операција

 

Операцијата гинекомастија трае од два до четири часа, а во болница се останува до следното утро. Се изведува со општа анестезија, што значи дека се спие за време на зафатот. По операцијата се примаат лекови против болки. Можни нус-појави се мачнини поради силните лекови кои се добиваат. Помалку сложените случаи на гинекомастија можат да се коригираат целосно со липосукција. Од таа причина тој е првиот метод на избор во лекувањето на гинекомастијата.

 

Првата недела по операцијата пациентот треба да одбегнува пливање, вежбање и други интензивни телесни активности. Можат да се изведуваат само лесни вежби. Се носи мидер, а отокот се повлекува по пет недели. Поради тоа што ова е сепак комплексна операција, потребна е честа проверка на доктор.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина