Sidney-Craford_1

На прашањето како ја одржува својата убавина, супер моделот Сидни Крафорд одговара дека добриот изглед започнува со спиењето. Но не е само изгледот заслужен за нејзиното задоволство. Ова се нејзините совети за посреќен и поздрав живот.

1) Спијте доволно

Додека спиете, вашето тело се обновува. Токму затоа дури и состојките на производите за ноќна нега кои ги ставате на вашето лице се поинакви. Во текот на денот барајте заштита од се она што би можело да и наштети на вашата кожа во текот на денот, а за време на ноќта дозволете и на вашата кожа да се обновува. Мислам дека ова не се однесува само на кожата, туку и на целокупното здравје, вели Синди.

Придобивките од спиењето се веќе добро познати. Квалитетниот сон ќе го сочува вашето срце здраво, ќе го спречи настанувањето на вишок килограми, а ќе има влијание и на имунолошкиот систем, мозокот, подобрувањето на меморијата и уште многу повеќе.

2) Пијте доволно вода

Сите знаеме дека водата е добра за нас, но кога течноста е во прашање, не е важно да пиете само вода. Јас не сум против кафето. Сакам кафе, но сега, попрво пијам зелен чај, а можеби и шолја кафе во утринските часови. Никогаш не пијам кафе премногу доцна во текот на денот, објаснува Сидни.

Sidni-Craford_2

3) Бидете активни секој ден

Не е важно со која активност ќе се занимавате, важно е да бидете активни. Баба ми има 93 години и пешачи секој ден. Кога луѓето велат дека немаат време, јас им велам дека доволно е да одвојат само 10 минути дневно. Доколку немате време да вежбате еден час, тогаш можете барем 10 минути. И тоа е секако подобро од ништо, тврди Сидни.

Иако лично најмногу ужива во пешачење, пилатес и јога, сепак во нејзиниот задолжителен тренинг спаѓа и теретаната. Синди напоменува и дека оние кои вежбаат повеќе, имаат подобар сон.

4) Размислувајте за храната како како за лек

Храната има влијание врз вашето тело како лек. Денес, постојат многу заблуди кога станува збор за здравјето. Доколку прашате десет различни луѓе, ќе добиете десет различни одговори. Можете да му верувате единствено на оној кој знае што зборува. Сликата за здравјето се менува секој ден, како што пристигнуваат и новите информации и резултатите од новите истражувања, вели Сидни.

5) Променете го начинот на кој размислувате за стареењето

Мајка имаше 36 години кога јас го завршив средното училиште. Таа беше многу млада мајка. Но, во мојата глава беше средовечна. Јас денес имам 48 години. Мислам дека со текот на времето сите ги менуваат ставовите во врска со стареењето. Кога ќе ја погледнам мојата баба со нејзините сестри, тие се исти како што отсекогаш ги паметам. Онаа која беше најдуховита е и понатаму најдуховита, таа која беше најповлечена е и понатаму таква. Душата не ви старее. Таа само станува помудра. Не и постара- вели  Сидни.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.