naslovna_odluki

 

Чувството кое ни го пружа остварувањето на зацртаните цели, задачи и сонови е многу добро. Секој ден се соочуваме со бројни одлуки, големи и мали, но клучот е во тоа дека секоја од овие одлуки е подеднакво важна.

Збирот на сите одлуки кои ги носиме е клучен фактор што одлучува дали ќе успееме да ги реализираме сопствените соништа и цели. За среќа, постојат начини на кои можете да научите како да донесувате добри одлуки. Овие избори се заеднички за сите успешни спортисти, претприемачи, генерали и светски лидери.

Будете се рано

Престанете да го поместувате алармот на вашиот телефон на почетокот на денот. Повеќето работи започнуваат да се случуваат по 09:00 часот наутро, па со толку раното будење автоматски ќе добиете предност.

Хранете се здраво

Откријте која храна ви одговара и држете се до неа. Размислувајте за храната како за гориво кое ви е неопходно за извршување на сите задачи во текот на денот. Јадете разновидна храна и помали оброци во текот на денот.

Ризикувајте

Кога ќе се одлучите на ризична одлука, во исто време вие сте и свесни дека постои можност за неуспех. Во текот на донесувањето на овие одлуки вие учите важни лекции. Ако од време на време не ризикувате, тоа едноставно значи дека не учите.

Одмарајте се доволно

Има само одреден број на работи што можете да ги направите со помош на храната, кофеинот и физичката кондиција. Вашето тело е направено така да мора да се исклучува и повторно да се обновува. Не смеете тоа да го заобиколувате.

Пронајдете ја вашата цел

Тоа е она што ве придвижува, што ве исполнува со чувство на задоволство и заради кое заборавате на храната или спиењето. Ако сте свесни дека не одите во насоката во која би сакале да одите, важно е веднаш да престанете и да се вратите на вистинскиот пат. Секој избор кој ќе го направите треба да биде во согласност со вашата мисија.

Ценете ја искреноста

Лагите испливуваат на површината, порано или подоцна, а многу од нив со одредено искуство е прилично лесно веднаш да ги забележите. Бидете лицето кое ќе стои зад својот збор и ќе видите како вашето влијание ќе се зголемува.

Дајте се од себе

Многу успешни луѓе велат дека ова е всушност еден од најважните аспекти кон остварувањето на вашите соништа. На работа или на некој проект по малку запрашајте се себеси – Го правам ли најдоброто што можам? На овој начин ќе подобрите многу работи.

Имајте самодоверба

Мора да верувате во себе и патот кој сте го избрале, инаку многу лесно сте осудени на неуспех. Само помислете колку пати до сега сте го игнорирале оној инстинктивен глас во себе и на крајот сте се соочиле со расплетот кој баш и не ви е по волја. Послушајте се сами себе.

Прашајте за совет

Само вие можете да изберете како ќе го започнете и завршите денот, но при донесувањето на овие одлуки не е лошо да го прашате некој за совет. Поискусен човек кој ви е близок, некој со кого можете да разговарате за вашите идеи и планови, тоа е голема предност во светот на бизнисот. Логично е дека нема секогаш да ги имате сите одговори и дека ќе се најдете во ситуација каде што секој совет добро ќе ви дојде. Не го избегнувајте.

Ценете го она што го имате

Живееме во свет во кој целта е да се има што повеќе, повеќе и повеќе. Ако сте се придржувале на овие совети досега, тогаш искрено и со мака сте го заработиле она го имате. Уживајте во тоа. Научат да го цените она што го имате, наместо цело време да барате нешто поголемо, поблескаво, поексклузивно …

Научете да кажете не

Во многу ситуации тоа може да биде многу тешка одлука, но мора да ја донесете, ако навистина сакате да бидете успешни. Не можете на сите да им удоволите секој пат и во секое време и во секое време. Бидете директни и нема да зажалите.

Тагови: разно