Окото е орган кој ни овозможува вид и перцепција на сите случувања во нашата околина, а склон е кон разни проблеми, од кои како најопасен се има покажан очниот притисок. Имено, зголемениот очен притисок доведува до појава на глауком. Тоа е очна болест која може да доведе до трајно оштетување на очниот нерв и слепило. Не може да се излекува, но може да се контролира со помош на лекови. Најчесто се дијагностицира кај оние луѓе кои се во постаро животно доба, но глаукомот всушност не бира и од него можат да заболат и новороденчиња, деца и млади луѓе.
Губењето на видот предизвикано од глаукомот е трајно и затоа е многу важно редовно да се проверува очниот притисок, а важно е притоа да се напомене дека високиот очен притиок нема никакви симптоми. Токму затоа многу луѓе не ни зтаат дека имаат опасен здравствен проблем.
Ако носите очила, имате генетска предиспозиција за глауком, патите од проблем како што е, на пример, прогресивна кратковидост и вродена далекувидост или некоја друга состојба штетна за очите, мора редовно да одите на офталмолог за мерење на очниот притисок. Немојте да чекате да ви се влоши видот, бидејќи тогаш веќе може да биде доцна.

 

Исхраната е од исклучителна важност

Иако можеби вие или некој од вашите членови немате проблеми со видот, сепак мора редовно да го мерите очниот притисок по 40 – та година , бидејќи сите ние влегуваме тогаш во популацијата која е склона за развивање на зголемен очен притисок и глауком. Исто како и кај многу други здравствени проблеми, во превенцијата на лекувањето на очниот притисок важна улога има здравата исхрана и редовното вежбање. Исхраната богата со витамини Ц, Е и А, здравите масни киселини и минерали му годи на здравјето на окото. Треба да се намали внесувањето на индустриски шеќери, јагленохидрати, преработена брза храна, а се препорачува исхрана која се базира на зеленчук и овошје.
Во секојдневната рутина треба да се вклучи и 40 – минутно вежбање днево, посебно доколку работата е седечка и ако секојдневно се седи пред компјутер. Физичката активност и вежбањето помагаат за намалување на крвниот, но и на очниот притисок.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина