Лебот може да ги обезбеди нутритиентите како што се витаминот Б и железото. Меѓутоа, ако се јаде во големи количини, се внесуваат многу калории и веројатно ќе се добие некој килограм плус. Главните промени кои се случуваат кога ќе престанеме да јадеме леб е исфрлање на насобраната вода, повеќе не се чувствува напад на глад, поисполнети сме со енергија, а во исто време ја доведува и линијата во ред.

 

Ако се прашувате колку можете да ослабнете ако почнете да го одбегнувате лебот, одговорот гласи дека тоа зависи од тоа колку сега јадете леб. Ако елиминирањето на лебот подразбира само одбегнување на тост за појадок., не очекувајте драстични промени во килограмите, но ако одбегнувањето леб води кон значителна редукција на калориите во секојдневната исхрана, тогаш ќе загубите повеќе килограми.

 

Калории во лебот

 

Иако лебот не е особено многу богат со калории, ако го јадете со секој оброк, тогаш безначајно ќе го зголемите вносот на калории. За да знаете колку би ослабнале со одбегнување на лебот, мора отприлика да знаете колку дневно калории внесувате со неговото консумирање. Белиот леб содржи 266 калории на 100 грама или 80 калории по парче од 30 грама, додека интегралниот леб содржи 247 калории, а парче леб од 30 грама содржи 74 калории. Англискиот мафин од 57 грама има 134 калории, содека сомун од 60 грама содржи 164 калории.

 

Губење на калориите

 

Ако го намалите консумирањето на калории за 100 до 500 калории дневно, а покрај тоа сте физички активни 30 до 60 минути, тоа е добар начин да го загубите вишокот килограми – порачуваат нутриционистите доктор Алан Тиченал и Џоани Добс од Универзитетот на Хаваи, САД.

 

Ако вообичаено јадете парче леб за појадок, англиски мафин за ужина, сомун за ручек и уште едно парче леб за вечера, имајте на ум дека со ова консумирање отприлика внесувате 454 калории дневно односно 3.178 неделно.

 

Ако сакате да ослабнете половина килограм неделно, потребен ви е дефицит од околу 3.500 калории, па ако моменталниот внос на калории е доволен да се оддржи тежината, редукцијата на 3.178 калории неделно може да ви помогне да губите по половина килограм речиси секоја недела. Ако престанете да јадете леб, мора да го зголемите вносот на здрави јагленохидрати, бидејќи тие треба да сочинуваат најмалку 45% од дневното консумирање на калориите. Почнете да јадете кафеав ориз, овесна каша, мусли, просо и сл.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина