Свинската маст е неправедно запоставена и дури оцрнета како намирница, која и покрај некогашните верувања е добра за нашето здравје. Таа содржи здрави масни киселини кои се добри за срцето и кои не влијаат врз телесната тежина многу повеќе од што делува маслиновото масло. Со векови таа била незаобиколен дел од домашната кујна, се додека неколку децении наназад не била ставена под знак прашање, поради наводното штетно влијание врз здравјето. Свинската маст има околу 40% заситени масти, околу 50% мононезаситени масти и околу 10% полинезаситени масти.

Повеќето мононезаситени масни киселини во свинската маст се состојат од олеинска киселина, здрава масна киселина која е полезна за работата на срцето и која се поврзува со ниското ниво на лошиот холестерол. Интересно е што во свинската маст има двојно повеќе олеински киселини отколку во путерот.

Маснотиите од мастите имаат многу предности и докажано е дека на телото му се потребни за вршење на секојдневните функции, но во помала количина отколку што се користела во минатото. Освен што маснотиите од маста помагаат во апсорпција на витамините, таа содржи и холестерол кој во телото, под влијание на УВ-зраците, се претвора во витамин Д, кој е значаен за апсорпција на калциумот.

Јадете масти за да согорите масти

Многу стручњаци и фитнес тренери сметаат дека луѓето треба да внесуваат маснотии од животинско потекло, бидејќи на тој начин се согоруваат масните наслаги и се губат килограмите. Секако, свинската маст треба да се консумира во умерени количини, поради нејзините високи енергетски вредности. Се препорачува маснотиите да бидат 30% од внесените намирници во текот на денот, од кои еден дел би требало да биде свинската маст.

Свинската маст покажува најголема отпорност на високи температури од сите животински и растителни масти и затоа е одлична за пржење на храната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина