Здравата исхрана понекогаш знае да биде многу непостојана задача. Дури и оние ,,испробани,, здрави намирници понекогаш знаат да не залажат. На пример, благодарение на еден природен овошен сок, можете да внесете дури 150 калории во минута! Звучи лошо, нели? Ако сакате овој ризик да го сведете на минимум, погледнете кои се здрави намирници кријат во себе опасни тајни.

Од сите здрави намирници, најлажливи се споменатите овошни сокови, кои ги матиме во блендер, маслиновото масло и сувото овошје. Овие намирници, и покрај верувањата, содржат во себе многу калории. Нивната улога во создавањето на позитивна здравствена слика одделно е неизмерна, но исто така можат да ви помогнат и за да нафрлите некој килограм повеќе. Тука спаѓаат и гранолата, пилешкото, оревите, интегралните колачи, интегралниот леб, медот и др. Се поставува прашањето како да се извлечеме од оваа стапица, а притоа да ги задржиме овие намирници на менито?

Кога зборуваме за здравите сокови, единствен спас е да ги подготвувате сами. Покрај витамини и минерали, со пиењето на една чаша овошен сок, подготвен од неколку килограми свежо овошје, може да внесете непотребни калории, кои ќе ви го задоволат апетитот, но многу брзо ќе барате уште повеќе. Ако самите ги подготвувате овие сокови, може да ја контролирате комбинацијата на овошја и улогата на шеќерот во ваквите напитоци. Готовите сокови или оние здрави напитоци од ,,џус баровите,, воглавно се пренатрупани со разни овошја. Тоа значи дека витаминската бомба од вашето омилено кафуле е и огромен извор на калории.

Кажано поедноставно – некои смути имаат повеќе калории од кока-колата. Една лименка кока-кола од 330 мл содржи точно 139 калории во себе, додека една чаша смути со одделни комбинации на овошја – дури и повеќе од 150 калории.

Во само една лажичка, пак маслиново масло има повеќе од 50 калории. Модерните готвачи го величаат маслиновото масло како најздрава храна на планетата и велат дека треба да се става буквално во се – од салати до тестенини. Сепак, мора да се внимава колку и каде се се употребува. Маслото сепак е масло, колку и да е тоа добро за срцето.

Истото важи за медот. Без разлика што е толку многу вкусен и здрав и што претставува неизоставен дел од нечиј појадок, медот е сепак преполн со сахароза, како и со шеќер. А покај тоа е преполн и со калории. Затоа понекогаш, кога наместо шеќер во чајот ќе ставите мед, размислете уште еднаш.

Интегралните колачи и немасниот јогурт и слични на нив здрави намирници исто така можат да имаат многу калории во себе, многу повеќе од она што пишува на нивната амбалажа, со оглед на тоа што бројни производители често го ,,маскираат,, изворниот вкус на немасниот производ со додавање шеќер.

Пилешкото, пак, во многу култури се смета за најчисто и најздраво месо. Но, треба да се има предвид тоа дека пилињата се не раѓаат програмирани на одредена количина на калории, што значи дека не е хранлив секој пилешки копан. Најголем извор на маснотии на пилето е токму неговата кожиќка, па затоа треба да се избегнува да се јаде.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина