Не можеме без солта. Сосема е погрешно во целост да се избегнува да се соли храната, затоа што недостигот на сол е исто толку опасен колку и вишокот. Солта е неопходна за здраво варење, за регулација на течностите во телото и за квалитетно функционирање на нервниот систем. Токму затоа при високи температури и проливи докторите препорачуваат да се земаат раствори со сол. Ништо необично, бидејќи дехидрацијата (губење течности) и губењето на сол се поврзани. Солот е важен фактор и за здрав сон и за превенција на грчеви предизвикани од воспаление на мускулите (т.н. мускул-фибер). Без сол не се апсорбира добро ни калциумот, а недостигот на овој минерал доведува до остеопороза. Улогата на солта е толку разновидна, што дури досега и до сексуалноста и здравото либидо.

Од друга страна, на оние кои патат од висок крвен притисок, често нарекуван тивок убиец, им се препорачува помалку да внесуваат сол. Истражувањето објавено во публикацијата American Journal of Hypertension сега тврди дека нема поврзаност меѓу внесувањето на солта и хипертензијата. Студијата опфатила 8670 возрасни луѓе во Франција, а ја разгледувале врската помеѓу внесувањето сол и систоличниот притисок. И не откриле никкава врска. Дошле до заклучок дека оваа врска е многу покомплесна отколку што сме мислиле досега.

Иако не е откриена статистички важна врска помеѓу крвниот притисок и солта која некој ја консумира, важно е да се напомене дека оние кај кои им е дијагностициран висок крвен притисок јаделе многу повеќе сол од оние кои немале проблем со притисокот. Тоа сугерира дека солта делува поинаку врз поединци. Било утврдено дека на крвниот притисок делуваат алкохолот, годините и БМИ индексот, додека исхраната богата со овошје и зеленчук е поврзана со снижување на крвниот притисок.

Истражувачите тврдат дека е подобро да се држи под контрола телесната тежина, а н да се намалува внесот на сол.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина