Маслото од кантарион се смета за чудесно, бидејќи успешно смирува или дури  лекува цела низа симптоми, како што кожни проблеми, изгореници од сонце, лесни депресии и гинеколошки тегоби.

 

Кантарионот е познато народно растение кое со векови се користи за разни проблеми, а најмногу кај болести проследени со висока треска, кај тегоби поврзани со црниот дроб и жолчката. Неговата лековитост и се припишува на активната состојка хиперицин во него, која е заслужна за противвоспалителното, смирувачкото и регенерирачкото делување на кантарионот и на сите нејзини состојки.

 

Најповеќето од студиите спроведени над кантарионот се имаат вршено над неговото делување врз депресијата. Со клинички испитувања е утврдено делувањето на кантарионот врз симптомите на депресијата, кои почнуваат да се повлекуваат постепено веќе по првата негова примена.

 

Тинктура од кантарион

 

Оваа тинктура го поправа расположението, помага кај полесни видови депресија, нерзова, раздразнетост, потиштебост, страв и несоница. Отстранува чувство на замор и безволност. Еве како се подготвува:

 

Во еден литар ракија ставете два рста цветови кантарион и оставете го шишето да отстои три недели на сонце или на топло.

 

Истражено дека делува одлично против депресија

 

За оваа цел може да се зема во облик на чај или тинктура. Кантарионот исто така го намалува чувството на исцрпеност, замор и безволност. Помага и кај неосновани стравови и нарушување на спиењето, а успешно се користи и кај деца и млади коиимаат потешкотии со спиењето и концентрацијата.

 

Со ставањето на цветовите кантарион во маслиново масло, или некое друго базно масло, се добива масло со црвеникава боја или уште попознато под името кантарион. Ова масло е идеално за нега на кожата, косата, како и за подлога за масажа и нега и масажа на новороденчиња. Делува поволно на циркулацијата, а во овој облик можат да го користат и трудници за третирање на стриите.

 

Ова масло ја регенерира и во исто време ја хидрира кожата, ги смирува воспалителните процеси и ги ублажува лузните. Одлично е за спречување рани кај болни кои постојано лежат, т.е. кај декубитуси. Иако не смее да се става на отворени рани, помага за ублажување н повреди кои тешко зараснуваат.

 

Помага и кај некои багинални инфекции и габи. Овде се користи така што тампон се натопува во маслото и се става во матката еден час. Маслото од кантарион ќе помогне и кај уморните стапала, после напорниот ден. За масажа, се подготвува десет милилитри масло, пет капки нане и пет капки лаванда. Втријте ја оваа мешавина востапалата после топла бања, па легнете и кренете ги нозете на нешто високо.

 

Сепак, треба да се биде внимателен со кантарионот, посебно со кантарионовото масло, затоа што може да биде отровно во големи количини. Затоа трудниците треба да одбегнуваат напитоци од кантарион. Исто така, не треба да се нанесува пред изложување на сонце. Иако помага кај изгореници од сонце, тоа е фототоксично, па при изложување на сонце може да остави пигментациски дамки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина