Со денешниот начин на живот, под влијание на современите технологии, луѓето полека ги запоставуваат своите психофизички способности, а со тоа и на здравјето. Во последно време, боксот стана еден од најпопуларните фитнес тренинзи во светот, што не е ни чудно, со оглед на тоа што е исклучително тежок и напорен, а воедно и забавен. Иако понекогаш делува по малку насилно и грубо, всушност се работи за благородна вештина која бара ментална сила и концентрација, бидејќи за време на борбата треба постојано да се мисли за противникот и за начинот за одбегнување на повредите, а за сето време потребно е движење по рингот и правилно дишење.

Ако се земат во предвид борбите со раце кои му претходеле на модерниот бокс, можеме да кажеме дека боксот е една од најстарите спортски вештини. Иако порано бил резервиран само за мажите, денес ситуацијата е сосема променета. Познавањата на предностите на рингот ширум светот направи со овој спорт секој ден се повеќе да се занимава и понежниот свет. Со боксот за многу кратко време ќе го подобрите своето физичко и психичко здравје, ќе го подобрите изгледот, ќе ја зајакнете самодовербата и ќе се ослободите од негативната енергија и од насобраниот стрес.

Со оглед на тоа што аеробното е далеку понапорно од вежбањето во теретана, ќе ви помогне завидно да ја подобрите својата издржливост и сите моторни способности – координацијата, агилноста, својата издржливост и експлозивна сила. Поради тоа боксот интензивно ги топи масните наслаги, го елиминира вишокот на вода од телото и ги јакне сите групи на мускули, посебно оние на стомакот. Токму поради ова им е посебно привлечен на жените, бидејќи го поттикнува слабеењето и го затегнува целото тело.

boks1

 

Како и секој друг спорт, и овој бара постепено воведување во тренингот. Се почнува од основите, а откако вежбачот ќе ги усвои основните техники и ќе се здобие со кондиција, следат тренинзите со спаринг партнер и со фокусери. Тренингот по бокс се изведува во облик на интервален тренинг во траење на одделни техники од по 30 до 60 секунди и паузи во однос на 1:2 за почетниците и 1:1 за напредните вежбачи. На тој начин се развива локалната мускулна издржливост преку повторување на одредени техники до појава на замор. Тренингот задолжително се започнува со загревање и истегнување, со цел телото да се подготви за поголеми напори кои го очекуваат во главниот дел.

Една од традиционалните вежби кои задолжително се практикува во тренингот на бокс е прескокнувањето јаже, иако не мора нужно да биде резервирано за воведниот дел од тренингот. За многу почетници оваа, наизглед едноставна вежба, на почетокот го одзема здивот, но откако ќе се навикнете и ќе ја научите вистинската техника ќе можете со јажето да правите вистински чуда. По добрата подготовка следи главниот дел од тренингот кој е најчесто насочен кон совладување на техниките. Како полиструктурална ациклична активност, боксот изобилува со технички елементи чие правилно изведување бара одредено ниво на моторните способности. Боксот истовремено вклучува работење на сите мускулни групи, па е една од примарните цели на тренингот. Битен сегмент е индивидуалниот пристап, со цел да се одбегнат грешките при усвојување на техниките, а воедно правилно да се активира мускулатурата на целото тело. По целосно обработениот тренинг треба да направите квалитетно истегнување од 10 минути.

Пример за еден боксерси тренинг:
  1. Воведен дел – траење 10 минути

  2. Загревање со изведување задачи: странично кружење со рацете (напред – назад), трчање со зафрлање на потколеницата, странично трчање, трчање наназад, трчање со изведување директ.
  3. Подготвителен дел – траење од 5 минути

    Во подготвителниот дел често се применува склоп од поврзани вежби кои се нарекуваат Боксерска гимнастика

  4. Главен дел

    – учење движење со дочекор и директ – траење 35 минути

    5. Завршен дел од тренингот – вежби за истегнување – траење од 5 минути

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина