Доколку сакате да ослабнете некој килограм, мора добро да се испотите. 15 минути интензивни вежби секој ден е се што ви е потребно за брзо да ги забележите резултатите. Ако на сето тоа додадете 10 минути вежби на партер, тогас за само 25 минути жртвувани од своето слободно време ќе добиете одличен тренинг за целото тело. Еве ги единаесетте нешта кои треба да ги спакирате во ранец пред да заминете на тренинг:

Вода: Дехидратацијата може да направи да се чувствуваме тромаво, а може и да го ублажи интензитетот на тренингот. Таа исто така може да доведе до грчење на мускулите. Водата е добра, но понекогаш подобри се спортските напитоци. Доколку вежбате најмалку 90 минути, тогаш ваквите напитоци ќе ви помогнат да ја надополните загубената енергија.

Крпа: Испотените тела можат некогаш да изгледаат секси, но испотената опрема не го постигнува истиот ефект. Бидејќи никој не сака да користи испотена опрема што ја користел некој друг, обавезно носете со себе крпа.

План: Одењето во теретана без план за вежбање или дневник за тренинзите е исто како патување во непознати краишта без носење мапа. Однапред испланираната програма за скеој тренинг ни помага да не скршнеме од патот кон тоа да изгледаме поубаво и да се чувствуваме подобро.

Стоперка: Бидете сам свој тренер! Зачинете ги тренинзите со спринтови и интервали. Ќе забележите како килограмите многу брзо се топат сами од себе, а вие станувате посилни и побрзи.

Обувки: Ако стапалата не ви се добри, можете ли да се чувствувате добро? Носењето на адекватни обувки за вежбање ќе ви помогне подолго да тренирате, а со самото тоа и да согорите повеќе масти.

kardio

 

Удобна облека: Во теретана ќе ви биде потребна удобна облека која го поттикнува потењето и дозволува лесно да се движите.

Енергетски чоколатца: Ваквата чоколада може да го претвори монотониот тренинг во исклучително брз и динамичен. Богати со јагленохидрати со висока енергетска вредност, чоколатцата помагаат да се одбегне прераното појавување на умор – што се случува кога ќе опадне нивото на шеќер во организмот.

Музика: Плеерот и слушалките можат навистина да придвижат еден монотон кардио тренинг. Ако слушаме музика додека вежбаме, нашето општо расположение може да се поправи, додека перцепцијата на физичкиот напор може да се намали. Исто така, вака и самиот тренинг станува многу позабавен.

Мерач на пулс: Без разлика дали се придржувате на диети сиромашни со јагленохидрати или на традиционални нискокалорични диети, мерачот на пулс може да ви помогне да го искористите потенцијалот од вежбањето. Направите кои имаат вградено ваков апарат се корисни, но брзината на отчукувањата на срцето можете да го измерите исто така ако го мерите пулсот на 10 секунди, а потоа тој број го помножите со шест.

Додатоци: За оние кои сакаат дополнителен поттик, додатоци со стимуланси, како што е кофеинот, можат навистина да го направат кардио тренингот многу поенергичен. Само внимавајте суплементите да ги земате однапред, така што нивното дејство да се покаже за време на тренингот, а не кога одите да си легнете.

Тренинг партнер: Сепак е добро да имате крај себе тренинг партнер. Ако вежбате со пријател/пријателка, голема е веројатноста дека кардиот тренингот нема да ви биде здодевен. Во теретана честопати можете да тренирате еден покрај друг на статичните справи, можат и да ве мотивираат, но и да ви помогнат да доаѓате на време во теретаната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина