Сакале да го признаете тоа или не, потисокот на бенч клупата е најатрактивната вежба која служи како за развој на мускулите на градите и на другите мускулни групи (бидејќи се работи за сложена вежба ) така и како начин за одмерување на силата кај момците.

Потисокот на бенч клупата е одличен начин за развивање на сила и издржливост, а единственото нешто што прави разлика во однос на постигнувањето на вашите цели се големината на оптоварувањето и должината на сериите во изведувањето на вежбата.

Сепак, и покрај силната атрактивност на оваа вежба , тренингот на градите кој може да се изведува на рамна, коса или контра- коса клупа, често може да заврши, а на крајот да се заклучи е дека тренингот не бил ефикасен. Овие се најчестите ” виновници ” за тоа:

1.Отсуство на главните елементи во моментот на подигнување

” Закопување” на нозете во земја, животинско стискање на шипката, искривена позиција на рамената и лактите… сите овие се сосема погрешни работи кои треба да ги исфрлите од тренингот. Одржете го лакот, силно потпрете се со трапезите и балансирајте со колковите, стојте цврсто со петите на земјата и фатете ја прачката , но така зглобот да не страда поради неприродната положба.

2. Обувки

Лошиот избор на обувки има значително влијание врз перформансите на изведувањето на тешките подигнувања , како на чучњевите, така и на бенч клупата. Иако тоа не делува на прв поглед така, а многумина мислат дека скапите Air Max и други патики се совршени за секој спорт, па така и за кревање тегови , сепак грешат . Најдобар избор на обувки во овој случај е рамни обувки со тенок ѓон, таков кој овозможува да се почувствува тлото и цврстината на потпирачот.

benc klupa_2

3.Не ги анализирате своите слаби точки

Голем број од оние кои вежбаат не ги анализираат своите подигнувања и точките во кои се најслаби. Клучот лежи во откривањето на послабите делови на телото и нивно претварање во некои од најсилните точки. Се препорачува потисокот на бенч клупата, на рамна или коса клупа, баш како и летањето, да се прават полека со максимално размислување за секое чувство при кревањето на теговите. Обидете се со среден, тесен и широк зафат.

4. Менталитетот ви е слаб

Како и кај чучњевите, тежините треба да се освојат и да се изборите со нив, и пред воопшто да ги допрете теговите. Треба да имате самодоверба, но во одредена мерка, за истата да не остане заглавена под преголемата тежина на теговите. Едноставно треба да тежнеете кон континуиран напредок, но во исто време и да имате мерка и да не кревате тежини со кои не можете да вежбате.

5. Недоволна цврстина

За на бенч клупата да направите потисок со целата сила на телото, треба да ги искористите сите можни лостови , а за да го направите ова, потребно е да застанете цврсто. Лабавоста ја намалува моќта, па затоа треба да се зајакнете од врвот до дното. Држете ги затегнати мускулите на јадрото и направете цврста основа. Погрижете се вашата рамена да не се вовлекуваат и да стојат цврсто, трапезот цврсто сместете го на клупата. Шипката држете ја цврсто, но имајте на ум дека не треба да ја стискате како мајмун , доволно е со зафатот да обезбедите сигурност за да не испадне, а сепак да не се оптоваруваат тетивите и зглобовите прекумерно.