Тренинзите на отворено се подобра опција од задушливите теретани, бидејќи телото добива повеќе кислород и витамин Д поради изложувањето на сонцето. Им се препорачува и на оние кои патат од депресија или се борат со секојдневни нервози. Вежбањето на отворено е двојно подобро од вежбањето во затворен простор, бидејќи природата и зеленилото влијаат позитивно врз мозокот и го намалуваат нивото на стрес, помагајќи им на оние кои имаат проблеми со спиењето. Покрај позитивниот ефект врз менталното здравје, вежбањето на свеж воздух е многу практично, можете да го применувате секаде и секогаш, па дури и кога сте на одмор. На пример, одбојка на песочна плажа е одлична за мускулите и тетивите во стапалата, кои преку цела година се затворени во чевли.

Покрај тоа, одбојката е одлична за држење на теллто и за отворање на градниот кош. Фрлањето фризби е симпатичен спорт које одличен за вежбање на прецизност и координираност. Можете да ја менувате раката со која го фрлате фризбито, со цел да ги развивате двете половини од мозокот, но и да одите и притоа да се подавате за уште поголема потрошувачка на калориите. Бадминтонот развива агилност, координација, брзина на реагирање и прецизност, па ги вклучува притоа сите мускулни групи. Може да го игра секој член од семејството и да загуби околу 400 калории за еден час играње. Јогата, пак, е активност која посебно се препорачува да се вежба во природа и на отворено. Одлична е за почеток на денот или како одморање по напорен тренинг како и за урамнотежување на хормоните.

 

Еве колку калории се трошат за еден час со оглед на телесната активност која се изведува и телесната тежина:

 

 

  • Бадминтон рекреативно, умеренo >>> 80 кг. – 475 kcal
  • Велосипедизам за забава, како транспортно средство 22 км./час >>> 80 кг. – 845 kcal
  • Бокс – спаринг – 80 кг. >>> 950 kcal
  • Бокс, удирање во вреќа – 80 кг. >>> 634 kcal
  • Боречки вештини (џудо, карате…) >>> 80 кг. – 1056 kcal
  • Одење 3,5 км./час >>> 80 кг. – 264 kcal
  • Одење 8 км./час >>> 80 кг. – 845 kcal
  • Лизгање – 80 кг. >>> 739 kcal
  • Кошарка – 80 кг. >>> 845 kcal
  • Фудбал – 80 кг. >>> 845 kcal
  • Одбојка – 80 кг. >>> 317 kcal
  • Планинарење – 80 кг. >>> 634 kcal
  • Пливање – 80 кг. >>> 634 kcal
  • Ракомет – 80 кг. >>> 1267 kcal
  • Скијање – 80 кг. >>> 634 kcal
  • Пинг – понг – 80 kg >>> 422 kcal
  • Јога Hatha за истегнување >>> 80 кг. – 264 kcal
  • Тенис – 80 кг. >>> 739 kcal
  • Трчање 13,5 км./час >>> 80 кг. – 1478 kcal
  • Трчање 9,5 км./час >>> 80 кг. – 422 kcal
  • Ватерполо – 80 кг. >>> 1056 kcal
  • Вежби за сила, без реквизити >>> 80 кг. – 370 kcal
  • Хулахоп, 30 минути >>> 80 кг. – 500 kcal
  • Возење ролшули, 60 минути – 80 кг. >>> 587 kcal
  • Прескокнување јаже, 60 минути >>> 80 кг. – 840 kcal
  • Фрлање фризби – 80 кг >>> 252 kcal
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина