Планинарењето е одлична физичка активност со многу предности за нашето тело, меѓу кои : зајакнување на мускулите на целото тело( особено на нозете), стимулација на имунолошкиот систем, особено на способноста на телото да се одбрани од разни заразни болести, позитивен ефект врз срцето и циркулацијата и подобрување на снабдување на крвта со кислород, забрзување на метаболизмот и намалување на мастите во телото. Планинарењето релаксира, го ублажува стресот, дава позитивна енергија и ја зголемува самодовербата. Во следниов текст ви даваме неколку совети за тоа како правилно треба да се планинари.

Како да се подготвите за планинарење

Ако активно не се занимавате со некоја форма на организирана спортска рекреација, најдобро би било околу еден месец пред да заминете на планинарење, секојдневно да практикувате брзо одење или џогирање, за ја постигнете посакуваната физичка кондиција. Ако имате здравствени проблеми , пред да појдете на планина, задолжително консултирајте се со вашиот лекар . Експертите сметаат дека луѓе повозрасни од 50 години пред да заминат на планинарење мора задолжително да направат специјалистички преглед на срцето, а се препорачува и за лица над 30 години.

Внимателно планирајте

Пред тргнете на планираната планинарска рута, добро проучете ја мапата за прошетка и временската прогноза, па така испланирајте го и вашиот престој во природата. Иако би било најдобро да се воздржите од берење цвеќиња и други растенија , набавете ја и добро проучете ја картата за заштитени растенија и вегетација на тоа подрачје, за да не бидете обвинети за нанесување на еко последици на околината. Најкорисни совети можете да добиете од оние кои веќе планинарат , а најдобро би било да се вклучите и на некој планинарски клуб , што сигурно постои во вашето место.

Што да облечете и што да понесете со себе

Ако веќе не можете да набавите посебна облека за планинарење, најважно е таа да е во спортски стил, односно удобна и да не ги ограничува движењата, а и да е направена од природни влакна. При изборот дадете предност на повеќеслојното облекување, кое е најпрактично во планински услови, на пример наместо дебел џемпер , облечете два потенки.

Освен вообичаената облека, задолжително набавете водоотпоренна јакна со дожд, со качулка за главата, доволно широка за да можете да ја облечете и врз планинарскиот ранец.

Чевлите во планина можат буквално да ви спасат жива глава, затоа нека бидат што подобри. Тие мора да бидат од што поквалитетни и поцврсти материјали, анатомски дизајнирани за да ги зачуваат вашите стопала и глуждови. Се советува нивно купување во специјализирани продавници, по совети од професионални продавачи. Освен чевлите, набавете си и специјални чорапи без шевови, за да не ви прават плускавци. Не заборавајте да поннесет и квалитетни очила за сонце и шешир или капа за главата што ќе ве заштити од сонцето , што е изразено силно на поголеми височини.

Задолжителен реквизит за секој планинар е и ранец од водоотпорен материјал со средна големина , по можност анатомски обликуван. Во него треба да има комплет за прва помош составен од завои, фластери за плускавци, спреј за рани , завои, завои за зглобовите , средство за заштита од сонце и каснувања од инсекти , таблети против главоболка и за снижување на температура та и слично. Во ранецот треба да има и нож, батериска ламба, мапи за пешачење, лични документи , исклучен, но се разбира наполнет мобилен телефон и се разбира, во зависност од должината на планираното планинарење, доволно течности и храна за неколку мали оброци.

Со кого да планинарите?

Најдобар избор би биле луѓето од планинските друштва, кои ги има многу во Македонија, а некои од нив се такви во кои можете да се зачлените и веднаш со нив да тргнете на планинарење.

Како правилно да се планинари?

Иако не треба да се оптоварувате со начинот на одење, внимавајте на тоа вашите раце да бидат во лактот свиткани под прав агол и поактивни од вообичаеното, а вашиот чекор нека биде малку побрз од вообичаениот. Како и што треба пред секоја физичка активност да се загреете, така и пред да започнете со качувањето, направете серија вежби за загревање и истегнување за сите мускулни групи , а првите петнаесет до дваесет минути пешачете со побавно темпо.