Неретко токму вообичаено наречените плочки според многумина се доказ за добра истренираност кај спортистите. И кај мажите и кај жените тие се пожелен ефект од тренингот, а за понежниот пол сегмент кој многу ги привлекува кон посилниот пол. Токму поради тоа, ви предлагаме еден ефикасен и интензивен тренинг за мускулите на абдоменот, за кој ќе ви требаат само 4 минути, но исто така и издржливост.

Во овие четири минути, колку што е предвидено да трае овој тренинг, треба да бидете целосно активни и сконцентрирани на вашите стомачни мускули.

Имајте на ум дека овој тренинг ни малку не е лесен, туку дека само кратко трае. Исто така, ако сакате вашите стомачни мускули да бидат доведени до совршенство, мора да поведете сметка и за здравата исхрана, бидејќи лошата и нездрава исхрана можат да бидат причина за настанок на масни наслаги на стомакот, што може да ги наруши реултатите од тренингот.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина