Семето од мак не само што има одличен сладок вкус и што можеме да го користиме во разни кулинарски комбинации, туку тоа е исто така богато и со нутритиенти. Па, ако ви е потребна поголема доза влакна и минерали, едноставно морате да го ставите на своето мени. Имено, тоа е богат извор на диетални влакна, вид јагленохидрати пронајдени во намирниците со растително потекло. Во само две лажици семе од мак има 3,4 грама влакна, што е 14 % од препорачаната дневна доза за жените и 9 % за мажите. Влакната не само што ќе ја средат вашата столица, туку и ќе го задржат чувството на ситост и ќе спречат настанок на опстипација, а притоа ќе го намалат нивото на холестерол во крвта. Исхраната богата со влакна го подобрува општото здравје и го намалува ризикот од настанок на дијабетес тип 2.

Богатство од калциум, бакар, фосфор и манган

Во две лажици семе од мак се наоѓаат 253 милиграми калциум, 286 милиграми бакар, 153 милиграми фосфор и 220 милиграми манган, што е 25 – 32% од препорачаната дневна доза за калциум и бакар, 22% за фосфор и 65% за манган. Сите знаеме дека калциумот го подобрува здравјето на коските и помага за подобро функционирање на срцето, а бакарот го прави јако сврзното ткиво, ги јакне коските и ја штити ДНК од оштетувања. Фосфорот како и калциумот спаѓа во составниот дел на ткивото на коските, додека манганот го произведува колагенот, протеинот кој ги штити коските од оштетувања.

Како да го користите семето од мак

Со оглед на тоа што е малку потешко да се вклучи во секојдневната исхрана поради неговата стандардна употреба врз пецивата, штрудлите и мафините, можете да го додадете во житарки или во зобена каша за појадок или да ставите неколку лажици во овошно или зеленчуково смути. Можете да го помешате и со маслиново масло и други состојки кои се користат како преливи за салати.

Семето од мак во служба на убавината

Семето од мак е одличен природен додаток за вашата секојдневна нега на кожата. Во ајурведската медицина за таа цел го користат со векови. Еве неколку начини како можете семето од мак да го употребите во служба на убавината и негата.

mak2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Третман при егзема и воспаление

 Семето од мак се има покажано како многу ефикасно во лекувањето на егземата, бидејќи содржи линолеинска киселина. Семето потопете го во млеко, вода или сок од лимета и сомелете го така да добиете паста која ќе ја нанесувате на кожата.  Оваа паста ќе ви помогне да ги излекувате изгорениците, да се ослободите од чешањето и болките предизвикани од  инфекциите на кожата.

 Нега на кожата – хидратација

 Пастата направена од семе од мак е одлично хидратантно средство за кожата. Се што треба да направите е да го смелете со  млин за кафе и да додадете малку млеко. Ако имате многу сува кожа, можете да додадете и малку мед. Оваа маска  нанесете ја на лицето и оставете ја да стои 10 минути. Потоа измијте ја со млака вода. Ако ја ставате маската еднаш  неделно, ќе бидете зачудени од резултатите.

 Пилинг за чистење на кожата

 Две лажици семе од мак се мешаат со сурутка и со оваа мешавина се прават кружни, нежни движења на лицето, вратот и  деколтето десеттина минути. Потоа избришете го лицето со вата и измијте го.

 Третман против перут

 Да се ослободите од најчестите проблеми на косата и кожата на главата – перутот – ќе ви помогне токму семето од мак.  Натопете го семето од мак со сурутка и додајте му бел пипер (по една супена лажица од секоја состојка) и оставете да  отстои на главата половина час. Потоа измијте ја косата. Со редовна употреба можете многѕ да го намалите перутот.

Тагови: житаркимак
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина