Состојки:

 

 

  • 2 модри домати
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 главици виолетов кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 црвени пиперки
  • коморач
  • 3 големи тиквички
  • 4 домати
  • Салца:
  • босилек
  • магдонос
  • коријандер
  • нане
  • едно чешне лук
  • една лажичка копар
  • 4-5 лажици малсиново масло
  • сок од половина лимон

 

 

Подготовка:

 

 

Исечете ги модрите домати на парчиња, премачкајте ги со масло и запржете ги на силен оган. Можете да ги запечете и во рерна.

 

Иситнете ги кромидот и лукот, а коморачот, пиперките и тиквичките исечете ги на коцки или на ленти. Во тава загрејте го остатокот масло и додадте ги кромидот и лукот. Пржете ги додека не добијат златна боја. Потоа длодадете ги пиперките, коморачот и тиквичките и пржете ги додека не омекнат. Доматите излупете ги, иситнете ги и додадете ги во тавата со другите намирници. Намалете го огнот и гответе додека зелечукот не биде сварен.

 

За салцата измешајте ги сите состојки и изблендирајте ги. Во тава за печење наредете ги печените модри домати, прекријте ги со преостанатиот зеленчук и залијте се со салцата.

 

Рататуи може да се послужи со сварен ориз.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина