Стручњаците утврдиле дека околу 90% од жените од западната цивилизација имаат некаков вид на целулит. Исто така, треба да се има на ум дека целулитот не е сало, туку натрупано влакнесто поткожно ткиво составено од заостанати течности и токсични материи. Тоа е причината поради која едноставните и вообичаени диети за слабеење не можат да ги намалат перничињата од целулит туку, во некои случаи, можат да ги направат уште повидливи. За да се постигнат посакуваните резултати, диетата мора да биде антитоксична односно концентрирана врз основа на намирниците кои му помагаат на организмот да се ослободи од вишокот течности и натрупани отрови. Ако покрај целулит имате и неколку килограми вишок, можете да ја пробате оваа антицелулитна диета. За време на овој режим на исхрана, во организмот се внесуваат дневно по 1200 калории, а им се препорачува само на здрави луѓе.

 

 

Храна која општо се препорачува

 

Зеленчук и варива: одберете вид по желба. Секој зеленчук е добар (освен скробниот, како што е, на пример, компирот. Тој понекогаш се дозволува, но како исклучок, а не правило во исхраната). Предност им се дава на шпарглите, лукот и репката, кои имаат силни антидиуретски својства и го прочистуваат организмот.

Месо: идеални се пилешкото, мисиркиното и зајачкото, бидејќи содржат помалку масти.

Риби: одберете немасни видови, како што се пастрмката, бакаларот или ослиќот.

 

Млечни производи: пијте само немасно млеко, немасно кисело млеко и немасни јогурти.

Овошје: според сезоната, свежо или варено, без разлика на видот. Сепак, јадете помалку банани и авокадо, бидејќи изобилуваат со маснотии.

 

Што треба да се одбегнува?

Намалете ја количината на јагленохидрати. Ваква храна јадете најмногу два пати неделно , а кога ја јадете, гледајте тоа да биде кафеав ориз и житарки како што се квиноата, амарантот или булгурот. Ако навистина морате – консумирајте тестенини и леб исклучиво од вистинско интегрално брашно. Забранети се алкохолните пијалоци, сувомеснатите производи и месо пржено на масло, бидејќи го наведува црниот дроб на зголемено работење и во организмот таложи токсини. Не е препорачлива ниту брзата храна, затоа што е пресолена и содржи конзерванси кои го спречуваат нормалното лачење на течности од организмот.

 

Антицелулитна диета

 

Појадок (секој ден е ист):чаша вода, еден немасен јогурт и кафе без шеќер.

 

1.ДЕН

Ручек:200 гр. мешано овошје, пилешки гради на скара, варен или сиров зеленчук.

Вечера:200 гр. свежо или варено овошје, 200 гр. риба, варена или на скара, по желба варен или сиров зеленчук.

 

2.ДЕН

Ручек:свеж овошен сок, 100 гр. свежо сирење, мешана салата од сиров зеленчук (домати, моркови, коморач и сл.)

Вечера:Супа од зеленчук, парче месо на скара (до 150 гр.), кромид печен во рерна.

 

3.ДЕН

Ручек:80 гр. интегрален ориз или тестенини со едноставен сос од домати, варен или сиров зеленчук.

Вечера:200 гр. свежо овошје (јаболко, круша, портокал и сл.), 2 тврдо варени јајца, мешана салата по желба.

4. ДЕН

Ручек: свеж сок од грејпфрут, 100 гр. немасно јунешко, варен или сиров зеленчук.

Вечера:супа од зеленчук, 200 гр. варена риба (бакалар,пастрмка и сл.), зеленчук по желба.

5.ДЕН

Еден килограм компир, варен и оладен (распределен во текот на целиот ден) + зеленчук, сиров или варен по избор

6. ДЕН

Ручек:свеж сок од грејпфрут, 150 гр. печено јунешко или пилешко, мешан зеленчук на скара или варен.

Вечера:200 гр. овошје, 2 тврдо варени јајца, супа од зеленчук.

 

 

7.ДЕН

Ручек: мешана салата, 150 гр. телешко и 200 гр. батат компир (оладен) печен во рерна.

Вечера:100 гр. посно свежо сирење, мешана салата од сиров зеленчук.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина