Како страсни тркачи или тркачи кои сакат да симнат некој килограм телесна маса, потребно е да се опремите со доволна количина знаење за калориите и начинот на кој тие функционираат.

Што се тоа калории?

Наједноставно кажано, калориите се мерка за енергијата, нешто слично на она што километарот е за поминатиот пат во трчањето.

Попрецизната дефиниција за калориите е дека таа е енергија која е потребна за температурата од 1 грам (милиметар) вода да се промени за 1 Целзиусов степен. Самата оваа дефиниција и не е толку важна, колку што е важно она што произлегува од неа. За да можеме најдобро да ја дефинираме улогата на калориите, можеме да кажеме дека тие ја изразуваат енергијата неопходна за нашето тело да направи било што. Ова ,,било што,, се развива во два правца:

Базален метаболизам (БМИ)

Изразот Базален метаболизам ја означува количината на енергија која му е потребна на нашиот организам за да може да ги извршува основните телесни функции. Тоа вклучува: работата на срцето, варењето, растот на косата и ноктите дишењето…

Вредноста на БМИ е различна од човек до човек и е директно пропорционална со тежината на поединецот. Тоа значи дека на еден човек со тежина со 100 кг му е потребна повеќе енергија за функционирање отколку на човек кој тежи 75 кг. Сепак, БМИ е приближно подеднаков за сите луѓе од иста старосна возраст и физички предиспозиции.

Како да се пресметаат потрошените калории со трчањето?

Секој човек е посебен кога се работи за трошење на калориите. Сепак, постојат 4 главни фактори кои можат да помогнат да се одреди стапката на потрошени калории.

Телесната тежина

Тркачите со поголема телесна тежина трошат повеќе калории додека трчаат. Просечен тркач од 70 кг, кој трча со брзина од 10км/час, ќе потроши приближно 700 калории за еден час тренинг. За да пресметате колку вие би потрошиле за истото тоа време при иста брзина, едноставно на овој број додајте или одземете 60 калории на секои 5 кг разлика.

Дистанцата на трчање

Дистанцата која ќе ја претрчате е клучен фактор во одредувањето на бројот на калории кои ќе ги потрошите за време на тренингот. Како ќе го пресметате овој фактор зависи и од теренот по кој трчате. На пример, ако трчате по улица или тротоар, најдобро е да ја измерите оддалеченоста помеѓу точките А и Б кои ги поминувате пред да почнете да трчате. Ако трчате на лента, би било добро претходно да одредите колку ќе поминете за тој ден.

Следен чекор е да го забележите времето за кое сте ја поминале измерената дистанца. Дистанцата и времето се големини кои ви се потребно за да ја пресметате брзината со која сте трчале.

Брзина на трчањето

Брзина = Дистанца/Време

Кога на брзината ќе ја додадеме претходната пресметка за човек од 70 кг кој трча со 10 км/час, добиваме дека забрзувањето од 1,6 км/час ја зголемув потрошувачката на калории за 100. Така, на пример, ако овој ист човек од 70 кг ќе претрча 11,6 км за еден час, ќе потроши 800 калории.

Тркачко опкружување

Окружувањето во кое трчате има големо влијание на тоа колку калории ќе потрошите. На пример, кога трчате по некое брдо или на тврда подлога, трошите повеќе калории отколку на лента или на рамен терен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина