Мислите дека е важно да ја знаете својата крвна група само кога е во прашање трансфузија на крв? Се лажете! Истражувачите сметаат дека крвната група е клучниот генетски фактор кој влијае на многу аспекти од нашето здравје.

Сигурно некогаш во животот сте се запрашале зошто некои луѓе со леснотија ги губат килограмите, додека за други тоа претставува залудна борба. Можеби ве мачи и прашањето зошто некои страдаат од хронични болести, додека други успеваат да останат здрави и витални дури и во поодминатите години.

Познавањето на нашата крвна група е многу важно доколку сакаме да разбереме како нашето тело реагира на храна, чувствителноста на различни болести, природната реакција на стрес и уште многу други работи. Само една капка крв содржи биохемиска структура која е уникатна и неповторлива како и отпечатокот од прст.

Во продолжение на текстот прочитакте факти за вашата крвна група кои можат да ви го променат животот.

1. Со помош на крвната група можете да предвидите колку сте чувствителни на одредени болести

Истражувањата покажале дека личностите со одредена крвна група имаат поголем ризик за појава на одредени болести. Студиите покажале дека личностите со крвна група О имаат помал ризик да добијат кардиоваскуларни заболувања, но поголеми шанси за заболувања на желудникот. Луѓето со крвна група А имаат поголеми шанси да страдаат од инфекции предизвикани од микроорганизми. Од друга страна, пак, кај жените со крвна група А е утврдена поголема стапка на плодност. Личностите со крвна група АБ и Б се изложени на поголем ризик на заболување од рак на панкреасот.

2. Луѓето со различни крвни групи различно реагираат на стресни ситуации

Личностите со крвна група А најчесто имаат поголемо ниво на хормонот на стрес кортизол кој го произведува нивното тело како реакција на разлините стресни ситуации. Од друга страна, личностите со крвна група 0 реагираат на стресот на тој начин што телото им проиведува поголема количина на адреналин. Потешко се опоравуваат од стресот бидејќи на телото му е потребно повеќе време да се ослободи овој хормон.

3. Антигените од вашата крвна група се насекаде!

Антигените се насекаде во телото, особено во оние делови кои имаат контакт со надворешниот свет. Тоа го подразбира целокупниот систем за варење- од устата до дебелото црево. Со оглед на тоа дека се наоѓаат насекаде во организмот, антигените влијаат на тоа како телото реагира на храната и тоа на повеќе начини. На пример, лектинот од храната се врзува за антигените и во зависност од крвната група, предизвикува крвта да се згрутчува, што резултира со зголемено чувство на умор, главоболка, проблеми со кожата и варењето.

krvna_grupa_naslovna

4. Бактериите во дигестивниот систем се поврзани со типот на крвна група

Луѓето со различни крвни групи имаат и различни видови на бактерии во системот за варење. Некои бактерии имаат и до 50 000 пати поголеми шанси да се појават кај личности со одредена крвна група. Ова потекнува од нашите предци чии системи за варење се развиле во однос на одреден вид на исхрана. На пример, микробиомот (збирот на сите микроби во телото) кај одредени луѓе се развил на тој начин да може ефикасно да ги разложува јаглехидратите. Тоа е случај кај луѓето со А крвна група. Луѓето кои ја немаат таа способност (на пример- оние со нулта крвна група) ги складираат јаглехидрате како маснотии.

5. Не постои универзален пристап кон исхраната

Начините на исхрана се менуваат, но една работа останува константна – немаат сите луѓе исти потреби што се однесува до исхраната. Нашите потреби можат да бидат одредени и од крвната група. На интернет можете да пронајдете илјадници совети и листи на намирници кои им одговараат на различни крвни групи. Тоа може да ви помогне да изберете начин на исхрана со помош на кој ќе ослабнете, ќе го подигнете нивото на енергијата и генерално ќе имате подолг и поздрав живот.

Значи, крвната група не еважна само кога е во прашање трансфузијата на крв. Таа е важен генетски фактор кој има важна улога во организмот.