Густа супа од костени и леблебија
Состојки:
- 500 гр. костени
- 300 гр. леблебија
- 1 главица кромид
- 2-3 чешниња лук
- свеж магдонос и темјан
- 300 гр. печурки по желба
- маслиново масло
- по желба сол, црн пипер и павлака од соја
Подготовка:
За почеток, сварете ги костените. На маслото пропржете ги кромидот и лукот, па додадете им ги печурките. Пржете се додека не омекнат. Кога ќе омекнат додадете ги леблебиите и зачинете по желба. Сето тоа пржете го уште малку, па додадете им ги сварените костени. Тргнете го тенџерето од оган и се заедно иситнете го во блендер. Миксајте додека не добиете кремаста супа. На крај, уште малку вратете ја содржината на оган. Послужете ја супата со свежи зачини.