Причина за масната кожа најчесто е претераната активност на масните жлезди, кои произведуваат масти. Премногу масти можат да ги затворат порите, да привлечат бактерии и да ја направат кожата сјајна. За кожата да биде здрава и не премногу масна, постојат неколку чекори кои треба да ги правите барем неколку пати неделно.

 

Квалитетно миење

Масната кожа, иако звучи контрадикторно, е склона на дехидрација и има голема потреба за влага. Зголеменото лачење на масти се случува со цел кожата да се одбрани и да го избалансира губењето на влагата. Оние кои ги мачи масната кожа, треба да се мијат со потопла, но не и жешка вода. Најдобро е да користат антибактериски сапуни, посебно доколку имаат проблеми со акни и мозолки. Што се однесува до производите за нега на лицето, добро би било да се користат производи на маслена база, кои нема да ја отстранат природната маснотија на кожата.

 

Добрата исхрана значи и здрава кожа

Освен добрите производи и квалитетното миење на масната кожа, потребна е грижа и за целото тело и организмот. Грижата вклучува здрава исхрана полна со витамини, протеини и белковини, која најдобро е да се започне со здрав појадок. Масната кожа често има бројни воспаленија кои доведуваат до посјава на акни и мозолки. За да се оддржува здрава, се препорачуваат одредени намирници.

  • Омега незаситени масни киселини од: сина риба, рибио масло, јаткасти плодови и ленено семе
  • полифеноли од: зелен чај, соини флавоноиди, црно грозје
  • антиоксиданси од: месо, јајце, темнозелен лисјест зеленчук, брокула, моркови, тиквички, портокали, домати, лубеница, диња и кајсии
  • витамин Ц од: пиперки, бокула, цитрусно овошје, јагоди, боровинки и рибизли
  • витамин Е од: растителни масла, спанаќ, шпаргли, семки, јаткасти плодови и маслинки
  • ниацин (Б3) и витамин Б5 одпивски квасец, месо, јајца, мешунки, јаткасти плодови, матична млеч, банани и житарки
  • цинк одмесо, ракови, риба, соја и печурки

 

 

Ако дојде до недостиг на витамините од Б-групата, посебно на рибофлавинот (Б2) може да дојде до зголемено лачење и насобирање на мастите, затнување на порите и појава на акни и митисери. Храна која не се препорачува за оние со масна кожа се алкохолот, кофеинските напитоци, зачинетата и лута храна и рафинираните шеќери.

Ова се неколку совети за природни маски кои помагаат во решаваее на проблемот со масната кожа

1. Пилинг од зобени снегулки

 

Зобените снегулки ставете ги во филџан за кафе и додадете им малку врела вода или млеко колку да се прекријат. Почекајте малку да се олади, барем 10 минути. Потоа може да ја користите како маска за пилинг и за нежно чистење на кожата.

 

2. Јаболков оцет

 

Оцетот е астрингент, што значи ги стеснува порите и помага во отстранување на вишокот маснотија од кожата. Покрај тоа, се бори и против бактериите на кожата кои предизвикуваат воспаленија и акни, бидејќи е антибактериски. Оцетот се меша со вода во сразмер 3:1, се топи памукче и со него нежно се минува по лицето, без притискање или гребење. Измијте го на овој начин лицето 2-3 пати. Ако дојде до црвенило, веднаш престанете со миењето и измијте се со вода.

 

 

 

 

3. Вазелин

 

Oсвен што спречува инфекции, тој отстранува вишок шминка и маснотија. Вазелинот покрај тоа ги лекува акните и ја спречува нивната појаваМасната кожа најдобро се лекува ако се нанесува еднаш дневно.

 

4. Алое вера

 

Гелот алое вера има антисептични својства исто како и јаболковиот оцет, па со самото тоа помага во борбата против воспаленијата и акнитеГелот алое вера се нанесува на лицето по секое утринско миење. Се нанесува во тенок слој.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина