Дали сте слушнале за вежбите кои монасите од Тибет ги прават секое утро, ги изведуваат повеќе од 2500 години, а кои го продолжуваат животниот век , ги намалуваат физичките непријатности и ве подготвуваат за предизвиците кои ги носи денот пред вас ? Нив за прв пат кон крајот на 30 -тите години на минатиот век, ги опишал Петер Келдер во својата книга   ” Древната тајна на фонтаната на младоста “. Имено, Келдер токму овие вежби ги научил од самите будистички свештеници во Тибет , а еден од мотивите на неговата посета бил токму откривањето на тајната на вечната младост која наводно тие ја поседувале .

Но, наместо Тибетанците да му ја откријат тајната на вечната младост, тие му открил вежби од тибетанската јога, кои , ако се изведуваат редовно (т.е. секој ден) , помагаат во физичкото, но и психичкото подмладување на организмот, бидејќи овозможуваат полесен проток на енергија низ сите чакри во тело . Значи, овие вежби треба да ви помогнат за : подобар сон, концентрација, памтење , намалување на депресијата , стрес, подобрување на варењето, артритис , намалување на болките во грбот, губење на тежина, и подобрување на целокупното физичко и ментално здравје .

Овие вежби може да ги вежбаат сите, без оглед на нивната возраст. Се изведуваат со повторувања според сопствените способности. Со редовно вежбање, бројот на повторувања се зголемува.

Кога и како се вежба?

Најдобро време за овие вежби е да се изведуваат веднаш по будењето или непосредно пред спиење, или и двата начина. Започнете со вежбите, така што во првите неколку дена ќе направите по три повторувања од секоја вежба. Потоа, според вашата форма, постепено зголемувајте го бројот на повторувања на секоја вежба се додека не стигнете до 21 повторувања. Повеќе од ова, немојте да правите. Значи, максимумот за вежбање на овие вежби е два пати дневно, по 21 повторување на секоја вежба. Вие самите дефинирајте ја својата брзина и интензитет, па според потребите прилагодувајте ги на вашите физички способности.

Прва вежба или ритуал

vezba_1

Застанете исправено и испружете ги рацете рамно од секоја страна, во висина на рамената. Започнете полека да се движите, држејќи ги рацете во воздух во насока на стрелките од часовникот. Доколку имате проблеми со вртоглавица, прво фиксирајте го погледот во една точка кон која мора да се свртите, а потоа нека следи телото. Вртете се со брзина која ви одговара. За целото време, правете длабоки и рамномерни вдишувања низ носот и издишувајте на уста. Свртете се максимално 21 пат. Кога ќе завршите, спуштете ги рацете, земете уште еден длабок здив и издишете.

Втора вежба или ритуал

vezba2

Легнете на подот (на јога душекот), па испружете го вашето тело. Рацете мора да ви бидат испружени од секоја страна од телото, со дланките надолу, глуждовите треба да бидат собрани. Земете длабок здив, полека подигнете ја главата од подот, а потоа споените нозе паралелно подигнете ги нагоре, така што ножните прсти да ви дојдат над главата. Исто толку полека спуштете ги нозете и главата и почнете од почеток. Нозете цело време мора да биде исправени во колената, но ако од веднаш не можете да ги правите вежбите со прави колена, нека бидат свиткани. Но, на вас останува секој ден да ја подобрувате својата техника на вежбање.

Трета вежба или ритуал

vezba_3

Клекнете на подот со нозете, така што колената да ви бидат раздалечени 10-ина сантиметри. Остатокот од телото нека ви биде исправен нагоре. Ставете ги вашите дланки на двете страни од долниот дел на крстот под задникот, а брадата спуштете ја кон градите. Вдишете и полека почнете да се наведнувате наназад, туркајќи ја главата кон назад. Потпрете се наназад, колку што вашето тело ви дозволува. Издишувајќи, вратете се во почетната положба.

Четврта вежба или ритуал

vezba4

Седнете на подот со нозете испружени пред вас. Дланките нека ви бидат под колковите, а брадата надолу кон градите. Вдишете преку нос и полека започнете да ги кревате колковите нагоре, виткајќи ги при тоа колената. Табаните мора да бидат рамни на подот. Подигнете ги колковите така што целотело да ви биде исправено, нозете свиткани под агол од 90 степени. Вежбата можете да ја прилагодите според вашата телесна подготвеност. Кога ќе се враќате на почетната положба, полека издишете.

Петта вежба или ритуал

vezba5

Повторно клекнете на подот и поставете се во почетната позиција. Земете здив, исправете ги нозете, легнете на стомак и додека колковите ви се на подот, свиткајте го грбот наназад кон задниот дел. Рацете цело време треба да бидат исправени. Од оваа позиција, полека издишете, почнете да ги кревате колковите и задникот, а притоа, рацете и нозете нека бидат во исправена положба. Кога сте горе, повторно вдишете и полека спуштете се надолу кон почетната позиција.